Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities
Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities („Списание за риатач терапија и развојни различности“) е научно списание за психологија, специјална едукација и рехабилитација на лицата со развојни различности чиишто издавачи се ReAttach Therapy International Foundation од Холандија и Македонско научно здружение за аутизам од Македонија. Списанието е шестмесечно, излегува двапати годишно како двоброј. „Списание за риатач терапија и развојни различности“(електронски: ISSN 2589-7799) е рецензирано, електронско, академско списание со отворен пристап. Главен и одговорен уредник е Владимир Трајковски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Тип | Списание |
---|---|
Формат | електронски формат |
Уредник | Владимир Трајковски |
Основан | 2018 |
Јазик | англиски |
Седиште | Kerkplein 2, 6367 ER Voerendaal |
ISSN | 2589-7799 |
Страница | jrtdd.com |
Цел
уреди„Списание за риатач терапија и развојни различности“ објавува истражувачки рецензирани трудови од областа на специјалната едукација и рехабилитација на лица со лесна, умерена и тешка попреченост, аутизам и други развојни проблеми . Во списанието можат да се објават оригинални и прегледни трудови, куси извештаи, писма до уредникот, резимеа од магистерски и докторски трудови, прикази на случаи, и други придонеси од областа на психологијата, специјалната едукација, рехабилитацијата, медицината, педагогијата, социјалната работа и социјалната политика и други сродни научни дисциплини.
Апстрактирање и индексирање
уредиСписанието е апстрактирано и индексирано во 24 бази на податоци од кои најзначајни се: EBSCO, ScienceOpen, GoogleScholar, COBISS, ERIHPLUS и Crossref.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Матична страница
- https://reattachfoundation.com Архивирано на 10 август 2020 г.
- http://mssa.org.mk