Спиечка апнеа
Спиечка апнеа — нарушување на спиењето, при кое се јавуваат паузи во дишењето или периоди на плитко дишење за време на спиењето. Секоја пауза може да трае од неколку секунди до некулку минути и тие се случуваат многупати во текот на ноќта. Бидејќи се нарушува нормалниот сон, лицата може да чувствуваат поспаност и замор во текот на денот.
Спиечка апнеа | |
---|---|
Опструктивна спиечка апнеа | |
Специјалност | Оториноларингологија |
Спиечката апнеа може да биде опструктивна, централна, или комбинација од двете. Најчеста форма е опструктивната. Ризик-факторите за опструктивна спиечка апнеа вклучуваат прекумерна тежина, семејна историја, алергии. Некои луѓе со спиечка апнеа не се свесни дека ја имаат оваа состојба. Во голем број од случаите најпрво е забележана од член на семејството.
Третман
уредиТретманот на опструктивна спиечка апнеа се разликува од оној кај централна спиечка апнеа. Третманот вообичаено започнува со бихевиорална терапија. Се препорачува избегнување на алкохол и седативи, кои може да доведат до релаксација на мускулатурата на грлото, и да доведат до колапс на дишните патишта за време на спиењето.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |