Трајан Цибалевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 77.29.14.1) и ја поврати преработката 4907310 на Ehrlich91
Ознаки: Рачно отповикување Појаснителни врски
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
ТРАЈАН  ЦИБАЛЕВСКИ
'''Трајан Тодоров Цибалевски''' е роден на [[14 февруари]] [[1924]] година во деветочлена селско-работничко фамилија, во [[село]] [[Ѓавато]]. Иако одличен ученик, немајќи материјални средства не го продолжил школувањето, туку работел како општ работник. Откако татко му настрадал од мина во [[1939]] година и станал немоќен да привредува, целата грижа околу семејството останало на младиот Трајан. Извесно време бил на работа во [[Германија]] од каде оболен и исцрпен се вратил в село. Во [[есен]]та [[1944]] година Цибалевски и се приклучил на Седмата бригада и зел борби во повеќе борби каде што се движела истата. Потоа, кога XV корпус, во чиј состав била и 48. дивизија со Седмата бригада, заминал на Сремскиот фронт. Цибалевски загинал како нишанџија на митролез заедно со својот помошник кај [[Кајгана]], [[Хрватска]] за кое е одликуван со „Орден заслуги за народ“.
 
  Трајан Цибалевски потекнува од потпелистерското село Ѓавато. Се родил на 14. 02.1924година.На неговото семејство и на самиот Трајан основно занимање им било обработување на земјата.Усте во младите денови  Трајан и неговото семејство го искусиле тешкиот и неподнослив живот на земјоделецот.
 
   Условите за живот не се промениле и со идењето на новата окупаторска влст, туку напротив , усте повеќе се влошиле.
 
   Уште пред војната и за време на првите години на окупацијата во селото постојано биле присутни истакнати членови на КПЈ. Така на пример,  при крајот на 1940година, во Ѓавато и партиската ќелија ја посети Блаже Орландиќ член на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Неговата посета беше во врска со поомасовувањето на скојевската организација и формирање на скојевски групи како во самото село, така и во околните села.
 
   Во селото постојано беше присутен и учителот од село Лавци, Тодор Ангелевски кој соработуваше со истакнатиот револуционер  од овој крај Трајан Белев Трајан Белев беше во постојана врска со Стив Наумов кој многу пати престојуваше во селото.
 
     Во есента 1940година од воспитната група со која раководеше Трајан Белев, беше формирана  првата партизанска ќелија во Ѓавато, а во март 1941година и првата скојевска група во селото.
 
Овие состаноци, формирањето на партиската ќелија и скојевската група ќе одиграат голема улога во проширувањето на револуционерните идеи и вооружената борба сред младото население во селото. Младите од селото со воодушевување ќе ги исполнуваат сите задолженија кои им биле давани.Меѓу младите кои се повеќе го помагаат партизанското движење беше и  Трајан Цибалевски.
 
  Во 1944година Трајан, ќе се приклучи во редовите на Народноослободителната војска на Југославија и ќе стана борец на  1(првата)Македонска бригада. По конечното ослободување на Македонија, единицата во која се наоѓање  и Трајан беше упатена за пробој на Сремскиот фронт, каде на 27.04. 1945година ќе загине во близина на хрватското село Кајгана.
 
                           Подготвуваат Владо Темелковски
 
                                                     Никола Ивановски
 
                               Фотографии  Љубе Николовски