О писменех: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 78.90.29.244) и ја поврати преработката 4780976 на 62.162.179.231
Ознака: Рачно отповикување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
[[Податотека:o pismenah.png|thumb|right|Страница од „О писменех“]]
'''О писменех''' ([[старословенски јазик|старословенски]]: {{Script|Cyrs|О писмєньхъ}}, '''За буквите''') — јазично-книжевен [[трактат]] во кој детално се разработува оправданоста за постоење на посебно словенско писмо и во кој на блескав начин се брани словенската писменост. Го напишал кон крајот на IX или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по [[Моравска мисија|Моравската мисија]], [[монах]]от [[Црноризец Храбар]] ({{Script|Cyrs|Чръноризьць Храбръ}}), кој најверојатно се школувал во [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]] во денешна Пиринска МакедонијаБугариjа. Низ текстот, на отмен начин и со висок стил, во многу смирена атмосфера, Црноризец ја образложува потребата за постоење на словенско писмо, истата поткрепувајќи ја со факти. Неговото широко образование особено доаѓа до израз кога тој, [[Словени|Словен]], ги потсетува самите [[Грци]] на околностите во кои настанало нивното писмо; настани, луѓе и факти кои се непознати за многумина од нив. Особено убав одговор дава на прашањето: ''Зошто им се на Словените 38 букви'', кога може да се пишува и со помалку? Но, по „пребројувањето“ Црноризец констатира дека грчките книги се исполнети со 38 знака, број еднаков со бројот на букви во словенското писмо. Исто така, соодветно внимание е посветено на дискредитацијата на тријазичната ерес, според која словенскиот јазик не бил достоен за на него да се шири Словото Божје. На ова авторот само ги потсетува грчките интелектуалци дека токму [[Свето писмо|Светото писмо]] на нивниот јазик, од [[хебрејски јазик|хебрејски]], го превеле „мнозина за многу години“, додека истото го има сторено [[Константин Филозоф]], наречен св. Кирил „сам и за малку години“.
 
== Текст ==