Токиска приказна (филм)

„Токиска приказна“ (јапонски: 東京物語) — јапонски филм од 1953 година, во режија на Јасуџиро Озу кој е автор и на сценариото, заедно со Кого Нода. Главните улоги ги играат: Киеко Хигашијама, Чишу Риу, Сецуко Хара, Харуко Сугимура, Со Јамамура, Кунико Мијаке, Широ Осака и Кјоко Кагава.

Синопсис уреди

Брачниот пар Шукичи (го игра Риу) и Норико Хирајама (ја игра Хара) живеат во мало приморско село, заедно со нивната најмлада ќерка Кјоко (ја игра Кагава). Бидејќи не ги виделе своите деца, синот Коичи (го игра Јамамура) и ќерката Шиге (ја игра Сугимура) кои живеат во Токио, тие одлучуваат да ги посетат, со намера да останат некое време кај нив, а патем кратко застануваат во Осака, каде што живее најмладиот син Кеизо (го игра Осака). Иако нивните деца ги примаат срдечно, Коичи и Шиге имаат премногу работни обврски и не можат да им посветат внимание на своите родители. Единствено, снаата Томи (ја игра Хигашијама) чиј сопруг е исчезнат веќе осум години, несебично се труди да им го направи престојот пријатен. Набргу, Коичи и Шиге ги испраќаат родителите во едно летувалиште, но таму е премногу бучно за нив, па тие неочекувано се враќаат во Токио. Бидејќи сфаќаат дека им пречат на децата, Шукичи ги посетува своите другари со кои се пијани во еден бар, а Норико преспива кај Томи. Потоа, тие се враќаат во своето село, но утреднета Норико умира. Томи, Коичи и Шиге се присутни на последните моменти на нивната мајка, додека најмалиот син Кеизо доаѓа доцна, кога таа е веќе мртва. По закопот, сите набрзина си одат дома, а единствено Кјоко и Томи му посветуваат внимание на вдовецот Шукичи.[1]

Наводи уреди