Термоелектронска емисија

Термоелектронска емисија се вика појавата на емитирање на електрони од вжештени површини на металите, а електроните што се емитирани се нарекуваат термоелектрони.

Термоелектронска емисија отпрвин била докажана со вжарено метално влакно, како кај жарулките. Подоцна била искористена во електронските цевки.