Млазен мотормотор со внатрешно согорување кај кој воздухот вшмукан од едната страна, компримиран се исфрла од другата страна под висок притисок (млаз), под дејство на топлината создадена од согорувањето на горивото. Млазните мотори претежно се користат во воздухопловството, но и кај некои земни и водни возила со посебни намени.

Прат-Витни Ф100 турбофен мотор за воените авиони Ф-15 Орел и Ф-16 Сокол на тестирање.

Принцип на работа уреди

Млазниот мотор работи на принципот на компресија на горивото и оксидансот (воздухот) следено од палење и експлозија во комората за согорување. Согорувањето создава топли гасови кои имаат тенденција за ширење, и се исфрлаат од задната страна на моторот. При ова се создава реактивна сила која има тенденција да го движи моторот нанапред.

За млазниот мотор може да се рече дека ги има истите фази (тактови) како и Ото-моторот (вшумукување, компресија, согорување и издув), со таа разлика што тие се одвиваат напоредно и континуирано во разни делови од моторот.

 
Основни делови на млазен мотор.

Енергетска ефикасност уреди

Ефикасноста на млазниот мотор може да се зголеми од 15-50% со додавање на водород во горивото, поради многу високата температура на согорување (видете: Карноов циклус).

Поврзано уреди

Наводи уреди