Димитар Мирчев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 3:
Димитар Мирчев е основач и Претседател на [[Европското движење во Република Македонија]], Амбасадор на мирот на Универзалната светска федерација за мир и член на [[Глобалниот светски совет за мир]]. За особени заслуги во дипломатијата и меѓународното разбирање, во 1998 год. Неговата Светост [[Јован Павле II]] го прогласил за [[Витез]] на редот на [[Св. Грегориј Велики]]. Димитар Мирчев е член на Комитетот на правни специјалисти на [[IPSA]], Меѓународната асоцијација за политички науки, и редовен член на Меѓународната академија на природни и хуманитарни науки "Кнезови Шчербатови", Москва.
 
== Публикации ==
Димитар Мирчев остварил обемен опус во повеќе општествени области (науката, образованието, политиката и јавноста). Неговите постигања се препознати и признати во Македонија и во странство. Објавил над 180 написи, книги, статии и монографии од областа на политологијата, политичката социологија и надворешната политика. Во текот на својата научно-истражувачка, образовно-воспитна дејност бил ментор на повеќе од 40 магистерски и 22 доктори на науки во областа на политичките и социолошките науки и евро - интеграциите.<ref>[http://www.fon.edu.mk/prof.aspx?pid=1&ln=mk Проф. д-р Димитар Мирчев Факултет за политички науки]</ref> Голем број од овие магистри и доктори денес се наставници или истражувачи на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|универзитететите во Скопје]], [[Универзитет „Св. Климент Охридски“|Битола]], на [[ЈИЕ во Тетово]], на [[ФОН Универзитет|ФОН]], некои од нив работат во македонската дипломатија, новинарството, јавната администрација и култура. Преку Европското движење во Македонија чиј основач и претседател е, тој има организирано и одржано стотина трибини, натпревари во европски знаења, семинари и школи на кои земаат учество многу средношколци и студенти.
 
* Политолошки компендиум. 2003. Универзитет ФОН, Скопје
* Macedonian Foreign Policy 1991-2006. 2006. University FON. Skopje.
* Модерната политологија. Темелите на проучувањето на политичкиот живот (заедно со Др. Лидија Христова). 2008г. Култра, Скопје и Универзитет ФОН.<ref>[http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=107C705B31E71D4CBA0F5EEE9FF062B5 „Модерната политологија“ од д-р Димитар Мирчев и д-р Лидија Христова] -Утрински Везник</ref>
 
== Референци ==
{{reflist}}