Ајри Демировски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Ајри Демировски''' ({{роден во|Битола}}, {{роден на|||1927}} - {{починал во|Измир}}, [[Турција]], {{починал на|21|октомври|2009}}) бил познат македонски музичар и автор на песната „[[s:Битола, мој роден крај|Битола, мој роден крај]]“
 
== Биографија ==
Демировски е роден во [[1927]] година во [[Битола]]. По ослободувањето бил првиот испратен ученик од Битола во [[Загреб]] во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во [[Радио Битола]]. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика. Ајри Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „[[s:Мариче ле, лично, девојче|Мариче ле лично девојче]]", „Таму ле мајко близу Битола", „Само ти се чудам Цвето", „Сношти те Маре сонував", „[[s:За кого ти цути Дано, лицето|За кого ти цути Дано лицето]]"„Денот ми наблиза на гурбет да заминам" и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани. Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај", песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во [[2006]] година<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=68991|title=Ајри Демировски почесен граѓанин на Битола|date=17.10.2006|publisher=А1|language=македонски|accessdate=2010-01-10}}</ref>. Продукциската куќа '''ISR''' од [[Истанбул]] за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски<ref name="А1" />. Починал во [[Измир]], [[Турција]] на [[21 октомври]] [[2009]]<ref name="А1">{{цитирана веб страница|url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115303|title=Почина Ајри Демировски, автор на „Битола мој роден крај“|last=Стефановски|first=Пеце|date=22.10.2009 14:05|publisher=А1|language=македонски|accessdate=2010-01-10}}</ref> каде што живеел 25 години.
 
Ред 9:
</blockquote>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.bitolatourist.info/about/licnosti/demirovski_ajri_m.html Биографија]
* [http://www.youtube.com/watch?v=ezZiDoxRzxE&feature=player_embedded# Демировски како почесен граѓанин на Битола]
 
{{DEFAULTSORT:Демировски}}
 
[[Категорија:Македонски музичари]]
 
[[Категорија:Битолчани]]
 
[[Категорија:Македонци од Турција]]