Музеј на Град Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с +слика
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:SkopskiMuzej.jpg|thumb|right|250px|Музеј на град Скопје]]
[[Слика:MGS-ip.png|thumb|right|250px|Изложбен простор во музејот]]
'''Музеј на градГрад Скопје''' е основан 1949 год. Од 1970 год. Музејот е сместен во адаптираниот дел од старата [[железничка станица]] која делумно била разурната во скопскиот [[земјотрес]] од 1963 год. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор. Од тогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на уметност, во регионот на град Скопје. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негоа јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство. Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по четири одделенија: [[археологија]], [[историја]], [[етнологија]] и [[историја на уметност]]. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доаенот на македонската уметничка фотографија [[Благоја Дрнков]] и донацијата на jапонска графика Укијое. Во 1991 година Љубомир Белогаски му подари на Музејот на град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на град Скопје што го носи името на донаторот [[Љубомир Белогаски]] и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела. “Прошетка низ минатото” е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. “Отворено графичко студио - МАК-ГРАФ” отворено во 1994 год. кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела. Во Старата скопска чаршија се наоѓаат депандансите на Музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната поставка за “[[Историјата на старата скопска чаршија]]”. “Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ” и “Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ”.