Историја на Еквадор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
{{Main|Империја на Инките}}
 
Империјата на Инките или '''Тавантинсују''' била најголема [[империја]] во пред-колумбиска [[Америка]]<ref>Terence D'Altroy, ''The Incas'', pp. 2–3.</ref>. Административниот, политичкиот и воениот центар на империјата бил градот [[Куско]] во денешната држава [[Перу]]. Империјата се издигнала од високите планински предели на [[Анди]]те во [[13 век]]. Од [[1438]] до [[1533]] година користеле различни методи за проширување на империјата, од освојувања со мирни соединувања. Таа се протегала на западниот дел од [[Јужна Америка]], од [[Еквадор]] до [[Чиле]].
Низ поголем број на воени интервенции, регионот потпаднал под власт на [[Инки]]те во [[1463]]. [[Атахуалпа]], еден од синовите на императорот на Инките [[Хуајна Капак]] не можел да ја превземе титулата се додека императорот не добил нов син, [[Хуаскар]] роден во главниот град [[Куско]]. По смртта на Хуајна Капак во [[1525]], Империјата била поделена на две: Атахуалпа го добил северот со главен град во [[Кито]], Хуаскар го добил југот со главен град во Куско. Во [[1530]], Атахуалпа го поразил Хуаскар и ја освоил целата територија на Империјата со центар во Кито. Тој не успеал да владее со целата територија бидејќи следеле нападите од [[Шпанија]].
 
Официјален јазик во Тавантинсују бил [[кечуанскиот јазик]], иако стотина локални јазици и кечуански дијалекти се зборувале исто така. Кечуанското име на државата е ''Тавантинсују'' или ''Tawantinsuyu'' што во превод значи „четирите региони“ или „четирите ибединети покраини“. Пред реформите на правописот на кечуанскиот и [[ајмарскиот јазик]] често државата се пишувало како ''Тахуантинсујо''. Името е составено од: ''tawan'' - „четири“, ''-ntin'' што означува „група“ или „унија“ и ''suyu'' што значи „регион“ или „покраина“. Така, империјата била поделена на четири покраина и секоја покраина се спојувала со главниот град [[Куско]].
 
Во Империјата се чествувале и славеле голем број на свети предмети или [[хуака]], но раководството на [[Инки]]те го охрабрувало населението да го слави [[Инти]] - богот на сонцето, но и останатите [[богови на Инките]].<ref>[http://www.allempires.com/article/index.php?q=inca The Inca - All Empires]</ref> Често Инките својот крал, [[Сапа Инка]], го нарекувале „дете на сонцето“.
 
== Колонизација ==