Нов светски поредок: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 83:
Мислам дека нема потреба од светска влада. Едноставно треба владите во светот да работат заедно и да соработуваат. Но не верувам дека ќе постои можност или пак дека е пожелно да постои една влада избрана од луѓето во светот...Постојат луѓе кои ме обвинуваа дека сум господар на светот уште кога се појавив во јавноста. Морам да признам дека поголемиот дел од нив ги класифицирам како лудаци. Нема смисла, едноставно не е вистина а и нема да биде, и за мене е смешно доколку некој мисли дека тоа е сериозен проблем.
 
Некои американски социјалистички критичари, како на пример Лоренс Х. Шуп, тврдат дека Советот за надворешни односи е ,,империјалистички советник”, кој веќе со години има клучна улога во изборите кои ги прави надворешната политика на САД во врска со меѓународниот поредок по Втората Светска војна и Студената војна. Според нив, тој донесува одлуки за тоа кои избори треба да бидат дел од планот а кои не; додека пак други, како на пример Џ. Вилијам Домхоф, тврдат дека всушност станува збор за форум на едноставна политичка дискусија, која го обезбедува деловниот влог во плановите на надворешната политика на САД. Според последното, има околу 3 000 членови, што е премногу за еден таен план да биде сочуван во рамките на групата; Советот едноставно ги спонзорира групите за дискусии, дебати и говорители; исто така не е ни таен бидејќи издава годишен извештај со кој дозволува пристап до сите архиви. Меѓутоа, сите критичари се сложуваат дека според историските истражувања, Советот има многу поразлична улога во целосната структура на владеење од она што го тврдат теоритичарите на заговори.
 
 
== '''Јавен заговор''' ==