Анастасија Николаевна Романова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 42:
[[Слика:Otma1906.jpg|десно|280п|мини|Од лево кон десно: Големите кнегињи Олга, Татјана, Марија и Анастасија, 1906.]]
 
Анастасија повремено се осудувала да ги премине границите на дозволеното однесување. Синот на дворскиот лекар, Глеб Боткин за неа рекол „Таа без сомнение го држи рекордот за казниви дела во нејзиното семејство, а за непослушност таа е вистински гениј“.<ref name="King and Wilson 2003, p. 250">King and Wilson (2003), стр. 250</ref> Им подметнувала сопки на слугите, се качувала на дрво и одбивала да слези. Во текот на една игра со снег, таа во снегот замотала камен и ја погодила својата постара сестра Татјана.<ref name="Vyrubova"/> Далечната роднина, Нина Георгиевна, покасно се сеќава дека Анастасија била непријата до граница на злобата, мамела, удирала и гребела со играчките во текот на игрите. Тоа го правела бидејќи била навредена оти помладата Нина била повисока од неа.<ref name="King and Wilson 2003, p. 50">King and Wilson (2003), p. 50</ref> За својот изглед била помалку заинтересирана од своите сестри. Жената на еден американски дипломат ја опишала Анастасија на десетгодишна возраст како јади чоколадо во Операта во Санкт Петербург, без да ги извади долгите, бели, оперски ракавици. <ref>Lovell (1991), стр. 35–36</ref> Анастасија и нејзината постара сестра Марија во семејството биле познати како „Малиот пар“. Тие делеле иста соба, често носеле варијации на исти фустани и голем дел од времето го поминувале заедно. Постарите сестри Олга и Татјана исто така делеле иста соба и биле познати како „Големиот пар“. Четирите девојки се потпишувале со почетните букви од своите имиња, „ОТМА“.<ref>Christopher, Kurth, Radzinsky (1995), стр. 88–89</ref>
 
Иако била енергична, Анастасија имала слабо здравје. Боледувала од буниони, кои ги напаѓале нејзините два палци.<ref>Kurth (1983), стр. 106</ref> Имала слаби грбни мускули, па два пати неделно одела на масажа, меѓутоа, таа се сокривала под креветот или во ормарот за да избегне да оди на масажа.<ref>Maylunas, Andrei, Mironenko, et al. (1997), стр. 327</ref> Постарата сестра, Марија, многу крварела кога во 1914 год. и биле оперирани крајниците. Тетката од Анастасија од таткова страна, Големата кнегиња Олга Александровна, мислела дека сите четири нејзини внуки многу крвареле и дека го носеле генот на хемофилија, како и нивната мајка.<ref>Vorres (1965), стр. 115</ref>