Дидактички системи на настава: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Во историскиот развој на дидактичката теорија и пракса се изградувале бројни системи со кои се одредувала структурата на работата во наставата. Денес се споменува уште и изразот наставна стратегија, односно стратегија на наставата. Некои наставни системи од минатото се укинуваат поради нивната едностраност и неефикасност, како диктирање, различни варијанти на испитувачката настава. Паралелно со укинувањето на застарените наставни системи се изградуваат современи кои повеќе одговараат на потребите на современото образование.
При изградувањето на современите системи потребно е на ум да се имаат сите структурни компоненти на наставниот процес и тоа со нивните микроелементи. Во секој дидактички систем се искажуваат специфични варијанти во изведувањето на специфичните компоненти на наставниот процес од аспект на директното поучување на наставникот и самостојната работа на ученикот.