Франкова Шпанија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
== Уставните промени на владата ==
 
За разлика од другите истакнати бунтовници како Хозе Антонио Примо де Ривера (кој бил погубен од страна на републиканците во текот на војната) Франко немал никаква конзистентна политичка идеологија, освен жестоката борба против Комунизам|комунизмот. Тој првично побарал поддршка од она што тој го нарекувал Национален синдикализам (''nacionalsindicalismo'') и од страна на Римокатоличка црква|Римокатоличката црква (''nacionalcatolicismo''). Националната партија Фаланга, во која членувале фашистичките идеологисти за време на Републиката, наскоро била трансформира како Партија за Навионално движење (Movimiento Nacional). Во април 1937 година, Falange Española Tradicionalista y de las Juntas де Ofensiva Nacional-Sindicalista била создадена со соединувањето на Партија Фаланга|партијата на Џозе Антонио Примо де Ривера со Juntas de Ofensiva Nacional-Sindicalista.
 
По победата на Франко во 1939 година, FET-JÖNS станала единствената правна партија во Шпанија, а потоа, во 1949 година, се сведува како главна компонента на Партија за Навионално движење. Партијата FET-JÖNS била хетерогено организирана, каде Националниот совет бил единстениот систем кој ја имал законодавната власт на Шпанија.
Во 1947 година, со закон донесен преку референдум била создадена т.н. Франковата монархија, на чело со Франко кој бил прогласен за доживотен претседател со право да го назначи својот наследник. Негов наследник е Хуан Карлос I од Бурбони|Бурбонската династија.
 
== Режимот на Франко ==