Боцкоглавци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
 
Обоеноста на телото кај боцкоглавците варира од бела, жолта, кафеава, црвена или портокалова боја, но повеќето видови се безбојни. Возрасните форми достигнуваат должина од неколку милиметри до 60 cm, а најдолги се претставниците од класата ''[[Archiacanthocephala]]''. Телото не е поделено на сегменти, но неколку видови покажуваат псевдосегментација. Боцкоглавците се [[Полов диморфизам|полово диморфни]], што се огледува во тоа што женките се обично поголеми од мажјаците.
[[Слика:Acanthocephala Rhadinorhynchus.jpg|thumb|лево|Рилка на претставник од родот ''Rhadinorhynchus sp.'']]
Телото на овие животни може да се подели на три дела: [[Рилка|риличен дел]] (пробосцис), вратен дел и трупен дел. Рилката (риличниот дел, пробосцис) е потенок израсток на антериорниот крај, кој може да се испушти од телото и повторно да се врати во него (ретрактибилност). Таа е наоружана со кутикуларни израстоци – куки, со кои паразитот се прикачува за цревото на домаќинот. Всушност, по овие куки типот го добил своето име ([[грчки]] ''akante'' - трн, ''kephale'' - глава). Куките може да се распоредени во редови или надолжно, што е во зависност од видот. Некои претставници како дополнителна структура поседуваат еден апикален орган чија функција е најверојатно сетилна. Рилката се враќа (односно увртува) назад во телото со помош на активноста на [[мускул]]ите ретрактори, кои ја сместуваат во риличен рецептакулум, едно шупливо мускулно мевче што виси во предниот дел од трупот. Меѓутоа, рилката се издава од телото со помош на [[хидрауличен притисок]] (причинет од псевдоцеломската и лакунарната течност). Риличниот рецептакулум со помош на парни мускули е прицврстен за телесниот ѕид и цревото. Странично од рецептакулумот се наоѓаат посебни шупливи органи наречени [[лемнисци]] ([[латински]] ''lemniscus'' - врвка) кои содржат систем од канали. Бидејќи [[епидерм]]исот на боцкоглавците е исполнет со лакуни (меурести простори), се смета дека лемнисците служат како складишта за лакунарната течност која се истиснува во нив за време на ретракцијата на рилката. Вратниот дел обично нема боцки или куки, а поседува сетилни структури. Трупот е најголемиот телесен дел. Присуството на куки или боцки на трупниот дел е важен критериум при детерминацијата на овие животни.
 
== Анатомски одлики и физиологија ==