Википедија:Начела и напатствија: Разлика помеѓу преработките
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета категорија |
создавам една нова верзија на оваа страница |
||
Ред 1:
{{Принцип|ВП:ПН|ВП:ПИН}}
Википедија претставува ''континуриан'', ''бескраен'' процес — ако напишете нешто добро, можно е тоа да постои со векови! Додека уредувате, Ве молиме имајте ги на ум следниве работи и наскоро ќе се најдете себеси како правите корисни придонеси на проектот.
Примарната цел на Википедија е да создава висококвалитетна енциклопедија, па повеќето страници се енциклопедиски статии. Сепак, бидејќи не постои официјална структура која го дефинира квалитетот на статиите, [[ВП:КЈПВ|заедницата на Википедија]] создаде сопствени правила, процедури и вредности кои продолжуваат да еволуираат. Некои од овие вредности се ''неформални'' и наскоро ќе ги научите преку набљудување, прашување или преку известување од други корисници. Останатите се ''формални'' (и се опишани преку страници чии наслови го имаат префиксот „<tt>Википедија:</tt>“, како оваа страница). Овие страници го отсликуваат здравиот разум во врска со тоа како Википедија функционира и што се обидува да направи, но го отсликуваат и насобраното искуство на стотици уредувачи кои постојано учат и ги рафинираат основните вредности, нешто што ни помага да избегнуваме или разрешуваме конфликти околу содржината и што не води во нашиот постојан труд да подобруваме енциклопедиски статии.
Не постои строг комплет од правила. Наместо тоа, постојат принципи и напатствија:
*'''Принципите''' се општоприфатени стандарди што сите уредувачи треба построго да ги следат. Тие ги отсликуваат основните идеи врз кои е базиран проектот. Некои од нив се специфично создадени и имплементирани од [[Фондацијата Викимедија]], фондацијата чиј проект е Википедија;
*'''Напатствијата''' се страници кои покажуваат кои се најдобрите постапки за да се направи нешто, но не мора стриктно да се почитуваат како приципите (иако нивното почитување е пожелно).
Овде можете да видите како луѓето прават работи кои просто не се во согласност со овие напатствија, но кои можат да бидат во согласност со принципите на Википедија. Во многу случаи, добро-информирани и добронамерни уредувачи кои работат на некоја статија треба само да се согласат меѓусебно за најсоодветниот начин на подобрување на статијата.
{{Принципи и напатствија}}
|