Боцкоглавци: Разлика помеѓу преработките

Додадени 4 бајти ,  пред 14 години
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
== Анатомски одлики и физиологија ==
 
Телесната празнина на ''Acanthocephala'' е од псевдоцеломски тип и во неа се сместени сите [[орган]]и и [[органски систем]]и. Телесниот ѕид е составен од три дела. [[Кутикула]]та е бесструктурна покривка која го штити паразитот од дигестивните [[ензим]]и на домаќинот. Епидермисот е сличен со оној на [[Цевчести црви|цевчестите црви]] по тоа што е од [[Синцициум|синцициелна]] природа, но кај боцкоглавците е многу подебел. Тој е исполнет со лакуни и поседува големи амебоидни јадра. Мускулниот слој е претставен со два потслоеви: надворешен слој од кружни шупливи мускули и внатрешен слој од надолжни мускули. Под нив се наоѓа псевдоцеломот. Во него се наоѓаат сите внатрешни органи. Тие се изведени од еден [[лигамент]] кој се протега медијално долж псевдоцеломот.
 
Овие животни не поседуваат [[дигестивен систем]] во ниту една фаза од својот животен циклус, како резултат на длабокиот ендопаразитски начин на живот. Готовата храна ја впиваат преку целата телесна површина. Меѓутоа, податоците за исхраната на овие организми се ограничени, бидејќи е проучен [[Метаболизам|метаболизмот]] на само неколку видови. Откриено е дека како главен супстрат за метаболизмот на боцкоглавците се [[јаглехидрат]]ите, а како главен краен продукт е [[етанол]]от. При внесот на [[моносахарид]]и се забележани механизми на [[активен транспорт]], како и хидролитичка активност на [[Клеточна мембрана|плазмалемата]] од површинските клетки на интегументот. Ензимска активност е локализирана и во површинските длабнатинки на интегументот. Тие ја зголемуваат апсорпционата површина и се сметаат за екстрацитоплазматски дигестивни органели. Познати се различни [[Амино киселина|аминокиселини]] кои можат да се апсорбираат преку површината на интегументот (на специфични места за секоја аминокиселина), но нивната улога во метаболизмот не е се уште јасна. [[Липид]]ите, пак, се апсорбираат и се складираат во лемнисците, меѓутоа постои несогласување околу тоа дали липидите се апсорбираат преку целата површина или само преку вратниот и риличниот регион. Иако можат да се најдат големи резерви на липиди во ткивата на акантоцефалите, сепак, се верува дека тие не се искористуваат во метаболизмот.