Македонија и Берлинскиот конгрес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Берлински договор преместена како Македонија и Берлинскиот конгрес: соодветно на содржината...
с Бот менува: кој што -> којшто
Ред 45:
На 23 ноември 1878 година Кузман Баџовиќ му пишувал на Натанаил Охридски: жКакво чух да сте приели Богом благословено и народно избавително дело ја у тој мах оставих службата ми и пријах народното свето претпријатие. На брзо распратих посланија по све ослободени краеви српских и внезапно добих с брзојавом известија: у ком варошу да се скупљамо и новац приложимо. Али какво чух втори горко отровни гласови у пола мртвих се. Ја па и цело мое друштво и тогава кроз слзи рекох: 0 судбино Божја зар оште не се раскидају ланци петсто годишни, које тиште нашег народа! Зар оште клетва Адамова на македонском народу!... А Македонци окусише дух слободе зато е сваки решен умрети за чест златну слободу него живети у ропству азијатско тиранство!ж...
 
На 8 јуни идната година (1879) Ѓорѓи Пулевски му пишуваше на братот на Кузман Баџовиќ, Деспот Баџовиќ: "Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дојде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не само азет, тук всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода, или смрт - трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот... Неколку дена напред дјаду владиката Натанаил ми даде едну твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, ка искаш доброволци и ветиш 1.000-2.000 доброволци. То јет убао и преубао. Ама аз ќе ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Булгарите се подиграваат сос нас и вртат вода на своја воденица заедно со црнокапецот Натанаил, кој штокојшто е Македонец, ама поќе тегни на блгарско..".
 
И македонската емиграција во Грција, уште за времето на Босанскохерцеговското востание, се определила за општобалканско востание. Во почетокот на 1876 година во Атина е формиран Воен комитет за ослободување на христијаните во Турската империја. Негов раководител станал Леонид Вулгарис, Македонец од источна Македонија. Тој со своите истомисленици, главно членови на македонската печалбарска емиграција во Атина, организирал повеќе акции во Македонија. Нешто подоцна, Вулгарис го формирал Грчко-словенскиот комитет, чија цел била преку востание да се избори за автономија на Македонија.