Шаховска стратегија и тактика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
== Вредност на фигурите ==
{{Шах страничник}}
: ''Главна статија: [[Поенска вредност на шаховските фигури]]''
 
Материјалната предност е нешто што важи и за стратегијата и за тактиката. Доколку се има контрола врз повеќе [[шаховска фигура|фигури]], или помоќни фигури, отколку противникот, тогаш се имаат поголеми можности. Затоа почетниците секогаш се советуваат да ги земаат противничките фигури и да ги штитат своите. За ова мора да се има увид во вредноста на фигурите.
[[Коњ (шах)|Коњот]] е отприлика вреден колку и [[Ловец (шах)|ловецот]] (овие две се нарекуваат '''лесни фигури'''), но помалку вреден од [[Топ (шах)|топот]], а уште помалку вреден од [[Кралица (шах)|кралицата]] (топовите и кралиците се нарекуват '''тешки фигури'''). Ловците обично се сметаат за малку подобри по коњите на отворени позиции (како кон крајот на партијата, кога многу од фигурите се земени), додека коњите имаат предност на затворени позиции. Имањето на два ловца претставува особено моќно оружје, посебно ако противникот има изгубено еден или два ловца.