Социјалдемократија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: fy:Sosjaaldemokrasy
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Социјалдемократијата''' е [[политичка теорија]] која во минатото беше ориентирана кон замена на [[капитализам|капитализмот]] со [[социјализам]] и тоа главно по [[револуција|револуционерен]] пат, но во понатамошниот развиток на социјалдемократската теорија прво револуционерниот пат кон социјализам беше заменет со исклучиво [[реформизам| реформистичкиот]], а потоа и социјализмот како цел беше заменет со градење на [[држава на благосостојба]] во рамките на капитализмот. Во последно време, социјалдемократите уште повеќе се откажуваат од своите корени и заедно со [[либерализам|либералите]] притискаат во насока на намалување на економските и социјалните права кои се придобивка на државата на благосостојба.
 
==Историја==
Ред 13:
==Разликата помеѓу социјалдемократијата и демократскиот социјализам==
 
Како што спомнавме, во периодот помеѓу Втората светска војна и 90-тите години од 20-от век социјалдемократите ја нарекуваанарекуваат својата идеологија демократски социјализам. Во таа насока меѓународната организација на социјалдемократските партии, [[Социјалистичка интернационала|Социјалистичката интернационала]], во својот Статут ќе напише: „Социјалистичката интернационала е сојуз на политичките партии и организации кои се стремат да воспостават демократски социјализам.“ Сепак, имајќи предвид од една страна дека социјалдемократијата токму со усвојувањето на „демократскиот социјализам“ го напуштија стремежот за изградба на социјалистичко општество, а од друга страна дека одредени социјалистички партии и групи внатре во социјалдемократските партии ја задржаа претходната цел на социјалдемократијата - изградба на социјалистичко општество кое ќе го карактеризира демократија - во најмала рака е заведувачка употребата на поимот „демократски социјализам“ од страна на социјалдемократите и, оттука, единственито легитимно право на овој поим имаат [[демократски социјализам|демократските социјалисти]].
 
==Социјалдемократијата во Македонија==
Ред 23:
Помеѓу двете светски војни се прават одредени обиди за заживување на социјалдемократските идеи во Македонија, но поради диктаторскиот режим кој владееше тоа не наидува на плодна почва. По Втората светска војна во Македонија е воведен комунистички режим кој забрануваше постоење на други идејни опции, вклучително и на социјалдемократската, така што првото партиско организирање на социјалдемократите на почвата на Македонија се случи по воведувањето на [[партиски плурализам|партискиот плурализам]] кон крајот на [[1989]] година.
 
Така, во [[1990]] година беше формирана [[Социјалдемократска партија на Македонија|Социјалдемократската партија на Македонија]], а дотогашната владејачка комунистичка партија на Македонија, [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]], ја замени својата дотогашна комунистичка идеологија со социјалдемократска. Следната година, тоа доведе и до промена на името на партијата во [[СДСМ|Социјалдемократски сојуз на Македонија]]. наВо чело соноември [[Бранко Црвенковски2005]]. Најновагодина, политичка[[Тито партијаПетковски]] сосе социјалдемократскаотцепува ориентацијаод воСДСМ Републикаи Македонијаја еформира [[Нова социјалдемократска партија|Новата социјалдемократска партија]],. формиранаНајнова партија која во ноемврисвојот назив ја содржи социјалдемократската ориентација е [[2005Социјалдемократска унија|Социјалдемократската унија]], годинакоја е една од странадвете напартии [[Титокои Петковски]]се отцепија од НСДП.
 
==Референтна литература==
*[[Љубомир Данаилов Фрчкоски]] „Есеи за социјалдемократијата“ (1991)
*[[Нано Ружин]] „Современа социјалдемократија“ (1999)
*[[Ентони Гиденс]] „Третиот пат : обнова на социјалдемократијата“ (1998, македонско издание 2002)
*[[Здравко Савески]] „Отаде едноумието: повторно откривање на левицата“ (2006)
*Ингвар Карлсон, Ан-Мари Линдгрен „Што е социјалдемократија?: книга за идеите и предизвиците“ (2008)
*[[Ѓорѓи Спасов]] „Развојот на социјалдемократијата: кус историски преглед“ (2008) [http://www.fes.org.mk/pdf/ISTORIJA%20na%20SD.pdf]
*Ѓорѓи Спасов „Социјалдемократијата денес: 10-те одредници“ (2008) [http://www.fes.org.mk/pdf/10%20odrednici%20SD.pdf]
 
==Надворешни врски==
*[http://www.progres.org.mk/ Прогрес - Институт за социјална демократија]
*[http://www.fes.org.mk/mk/index.asp Фондација „Фридрих Еберт“ - Македонија]
 
[[Категорија:Социјализам]]
[[Категорија:Капитализам]]
[[Категорија:Политички теории]]