Молитва: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Молитва''' е општење со Бога. Според учењата на [[православни отци|православните отци]], таа е нешто најсвето во нашето постоење. Таа е природен закон. Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.
{{никулец}}
 
'''Молитва''' е општење со Бога.
== Молитвата во Библијата ==
 
Светото Писмо на повеќе места повикува и охрабрува за молитвата:
 
<blockquote>Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам и ти ќе ме прославиш. (Пс. 49,15)</blockquote>
 
<blockquote>Штом Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете ако го побарате со сето срце и со сета душа; барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви се отвори, зашто секој којшто сака добива, којшто бара наоѓа и на којшто тропа му се отвора. (Мт 7,7-8)</blockquote>
 
<blockquote>Најпрвин барајте го царството Божјо и Неговата правда и се’ друго ќе ви се додаде. (Мт 6,33)</blockquote>
 
<blockquote>Ако посакате нешто во мое име, Јас ќе ви исполнам. (Јн 14,14)</blockquote>
 
Но молитвата не е само барање. Таа е и благодарност, и славословење на Бога за сите добрини и милости кон нас. Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку целата година, е една прекрасна и постојана молитва кон Бога. Треба да се молиме не само кога сме расположени за молитва - напротив, треба самите да се принудуваме на молитва и тогаш кога не ни се моли и кога сме оддалечени од молитвата. Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата. Може човек да се моли од книга или со свои зборови, но со посветеност на молитвата и на Бога, според Господовите зборови
 
<blockquote>Влези во својата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност ќе те награди јавно.</blockquote>
 
 
== Правила за молење ==
 
За да биде молитвата вистинска и силна, треба да постојат овие услови:
 
*Прво, да се подготвуваме за неа со набожни мисли и чувства. Пред сè, треба да бидеме длабоко проникнати од мислата дека сме грешни и недостојни да застанеме пред Бога и да разговараме со Него, пред Кого треперат ангелските сили.
 
*Второ, да се трудиме сè што е кажано во молитвата да биде со внимание и со разбирање; да внимаваме во смислата на зборовите што ги читаме или пееме. Никаква полза нема од молитвата, ако ја вршиме без внимание и разбирање.
 
*Трето, да се молиме со непоколеблива вера и надеж дека ќе го добиеме тоа што го бараме.
 
*Четврто, треба да се молиме со покајно и смирено срце и со чиста совест. Само смиреноста, поправо сознанието дека сме недостојни пред Бога може да нè удостои со Неговата богата милост.
 
*Петто, заедно со верата, во нашата молитва треба да се појават уште: трпението, постојаноста и неуморноста.
 
*Шесто, и [[постот]] е многу важно помошно средство за засилување на молитвата. Ако молитвата е издигнување на душата кон Бога, издигнување со вера, надеж и љубов, тогаш постот е воздржување од сè што пречи на душата да се издигнува кон Бога. Постот е умереност во јадење и пиење и во другите животни потреби. Постот значи одбегнување на гнев, непријателство, завист, омраза и други страсти
 
[[Категорија:Теологија]]
 
[[en:prayer]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Молитва