Математичка логика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с с
с с
Ред 1:
'''Математичка логика''' е поле во [[математика]]та. Се дели на [[теорија на моделите]], [[доказна теорија]], [[теорија на множествата]] и [[теорија на рекурзијата]]. Истражувањата во математичката логика имаат допринесено кон, и се мотивирани од, изучувањето на [[основи на математиката|основите на математиката]], но во математичката логика спаѓаат и области од чистата математика кои не се директно поврзани со основни прашања.
 
Заедничка тема во математичката логика е изучувањето на експресивната моќ на формалната [[логика]] и формалните [[доказ (математика)|доказни]] системи. Оваа моќ се мери по тоа што овие [[формален систем|формални системи]] можат да докажат и по тоа што можат да дефинираат.
 
Претходно математичката логика се нарекувала '''симболичка логика''' (наспроти [[философска логика]]) и '''[[метаматематика]]'''. Првоаведениот термин сеуште се користи (како кај [[Здружение за симболичка логика|Здружението за симболичка логика]]), а второнаведениот термин се користи за извесни аспекти од [[доказна теорија|доказната теорија]].