Походи на Александар Македонски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот менува: превзема... -> презема..., двеста -> двесте
Ред 32:
После смрта на [[Спитамена]] и бракот со [[Роксана]] (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од [[Гандара]], територија на север од денешен [[Пакистан]], да му се покорат и да тргнат со него. [[Амби]], владетелот на [[Таџила]], чие кралство се простирало од [[Индус]] до [[Џелум]], така и направил. Но водачите на некои кланови, како например [[Асапсиос]] и [[Асакеноис]], познати во Индиските текстови како [[Ашвајани]] и [[Ашвакајани]] (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.
 
Александар лично ја превземалпреземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините [[Алишанг]] и [[Гуреа]], како и на кланот Асакеноис во долините [[Сват]] и [[Бунер]]. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата [[Масага]] и [[Аорну]] пружиле силен отпор. Посебно драматични биле борбите со Аспасиос кланот, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40,000 воини биле заробени.
 
Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30,000 борбени кочии, 38,000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите [[Ора]], [[Базира]] и [[Масага]]. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Кога поглаварот на Масага загинал во битката, команда над неговата војска ја превземалапреземала неговата мајка [[Клеофис]], која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според [[Куртис]], Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на [[Ора]], следното упориште на Асакеносите.
 
При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено [[Аорнос]]. Александар постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.
Ред 50:
Источно од кралството на Пор, близу до [[река Ганг|реката Ганг]], се наоѓало моќното царство на [[Магада]] под владение на [[династија Нанда|династијата Нанда]]. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај [[река Биас|реката Биас]] одбивајчи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.
 
После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставиле на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 [[фурлонг]]а), со длабочина од 183 метри (100 [[фатом]]и). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двестадвесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62<ref>[http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus%3Atext%3A1999.01.0243&layout=&loc=62.1 Plutarch, Vita Alexandri, 62]</ref>
 
Александар, после состанокот со неговиот офицер [[Коенус]], бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот [[Мали]], (во денешно време [[Мултан]]). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела.<ref>Plutarch, Alexander [http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus%3Atext%3A1999.01.0243;query=chapter%3D%2363;layout=;loc=62.1 63.5].</ref> Неговата војска, мислејќие дека нивниот крал е мртов, ја завземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците.<ref>[http://www.mainlesson.com/display.php?author=macgregor&book=greece&story=wounded]</ref>. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење <ref>[http://www.historyofmacedonia.org/AncientMacedonia/AlexandertheGreat.html Alexander the Great Alexander of Macedon Biography],''History of Macedonia''</ref>. Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон