Традиција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситна промена
Внимание
Ред 1:
{{Внимание}}
'''Што е традиција?
'''
Ред 65 ⟶ 66:
На некој начин, откако еднаш видовме и прифативме дека традицијата може да биде измислена, тогаш дискусијата околу тоа што ја прави нејзе автентична не е неопходна. Фолклористите порано биле позагрижени околу автентичноста кога сметале дека во неа спаѓаат само текстови кои се стари, рурални и чисти. Овие термини се успешно преиспитани и во најголем дел отфрлени. Второ, откако нашиот интерес ќе се промени и ќе се сврти повеќе кон тоа како групите ги споделуваат текстовите а не се фокусира на самите текстови, тогаш и прашањето за автетичноста станува поневажно. Автентичноста зависи од тоа како групата ги дефинира сопствените традиции. Барањето за “автентична“ традиција може да биде порелевантно за некои групи отколку за други, некои групи можат да инсистираат на дупликација, [[истоветно]] пренесување до најситниот детал, додека други можат да прифатат големи варијации. Со други зборови, автентичноста најдобро се сфаќа во смисла на комуникација внатре една група - доколку групата споделува одредена традиција и комуникација, и доколку таа има значење за таа група, тогаш традицијата е автентична. Автентичноста е релативен термин и зависи само од тоа кој ја одредува автентичноста, и заради кои причини.
 
Комодификацијата[[Комодификација]]та е процес преку кој нешто станува потрошна стока, тоа е нешто што се купува, продава или тргува. Примери за комодификација на фолклорот е лесно да се најдат, од популаризација на таканаречените “селски уметности“ па до вметнувањето на теми од бајките во создавањето на нови кукли Барби. Голем број луѓе истакнуваат дека на овој начин фолклорот се манипулира - за да се направат пари - и дека тоа ги потценува експресивните и комуникативните квалитети на фолклорот. Проблемот на фолклористите извира од потенцијалната штета која ваквиот пазарен пристап кон фолклорот може да им ја нанесе на интимните, дури и емоцинални значења кои ваквите елементи во оригиналниот контекст можат да го имаат за членовите на групата кои ги споделуваат. На пример, приказната за Пепелашка постои во многу форми и во многу културни групи. Но кога таа ќе се прераскаже од некоја колема корпорација како филм и потоа ќе се рекламира како приказна чиј главен лик е некаква кукла, потенцијалот за локални варијации се намалува. Комодифицираните, хомогенизирани верзии создадени од филмаџиите и компаниите за играчки можат да ја засенат “автентичната“ локална верзија.
 
Политичките или социјални употреби на фолклорот се исто така познати, иако тие можат успешно да бидат затскриени внатре етаблирани организации или институции како училишта, влади или специјални интересни групи. Овие манипулации можат да бидат дел од напорите за маркетинг, или можат да изникнуваат од желбата за зачувување или заштита на таканаречената традиционална култура; или можат да бидат мотивирани од желбата за се прослават или задржат групните основни вредности и историја. Посебен вид на измислена традиција е онаа во која прашањето на автентичноста станува високо политизирано - тоа е намерната конструкција или манипулација на традиции за да се влијае врз вредностите или однесувањата на луѓето. Во својата најекстремна форма овој вид манипулација се приближува до пропаганда.