Контраендорфин: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Содржина: дополнување |
→Содржина: дополнување |
||
Ред 3:
==Содржина==
Романот се состои од четири дела:
* ''Микрофонија'': На 12 декември 2009 година, непосредно пред смртта, познатиот сликар Десимир Стојковиќ му ја раскажува
* ''Контраиницијации'': Во овој дел, Стојковиќ раскажува за една дамнешна средба со Миро Главуртиќ кого Иво Андриќ го посочувал како човекот кој постојано му правел сплетки. Главуртиќ говорел за противречната и сложена природа на Андриќ — за неговата дипломатска дејност, за кокетирањето со различни политички струи, за пикантериите од неговиот приватен живот, како и злоупотребата на Андриќевите дела во разгорувањето на српскиот [[Национализам|национализам]] и тогаш дошло до голема кавга меѓу Стојковиќ и Главуртиќ. Исто така, Стојковиќ ја изложува теоријата на Кангилем според која луѓето на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] лачат посебен ензим - контраендорфин кој е одговорен за нивната свирепост. Во таа смисла, Стојковиќ раскажува како во 1986 година запднал во национална ефурорија, но во последен миг се освестил, а потоа, за да избега до грубата стварност, во периодот од 1989 до 1999 година станал [[Алкохолизам|алкохоличар]]. Тогаш, Стојковиќ ја прифатил тезата дека Андриќевите дела претставувале духовна основа на воените судири во [[Југославија]]. Во продолжение, Стојковиќ раскажува за напуштањето на Париз и враќањето во татковината во 1971 година. Тогаш, нему му била присилно доделена Октомвриската награда на [[Белград]], а тој бил огорчен од состојбата во југословенската ликовна сцена, особено потсмевајќи ѝ се на [[концептуална уметност|концептуалната уметност]]. Најпосле, Стојковиќ раскажува за средбата со сликарот Ера Миливојевиќ за кого сфатил дека ја поседува тајната на уметничкото мајсторство. Откога завршува со раскажувањето, Стојковиќ му покажува на Калоперовиќ две свои слики (единствените кои не ги запалил), а потоа нив ги фрла во огнот.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 77-161.</ref>
* ''Метафизика на евродизелот'': Откако во текот на два часа Стојковиќ му ја раскажувал својата животна приказна, Калоперовиќ западнал во [[Анафилактички шок|анафилактички шок]], а потоа и во алкохолен [[Делириум|делириум]], поради што со амбулантно возило бил пренесен во Институтот за ментално здравје. По неколку дена, тој бил отпуштен од болницата и додека бесцелно шетал по улиците на градот, тој сè уште имал [[Халуцинација|халуцинации]] поврзани со Ѓилас. Истовремено, тој се присетувал на долгогодишното дружење со Стојковиќ. Околу два месеца по смртта на Стојковиќ, на Калоперовиќ му се појавиле и здравствени проблеми поврзани со [[Крвоток|крвотокот]].<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 162-218.</ref>
* ''Samsung Galaxy J5''
|