Тврдина (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Наводи: дополнување
Ред 22:
# ''Смрт во Венедик'': На патот кон Венеција, Ахмет тагува по родниот крај, а кога пристигаат таму, воопшто не им се восхитува на убавините на градот во кој се одржува [[Карневал во Венеција|карневалот]]. Шехага е тешко болен и се сомнева дека некој го отрул, а по неколку дена умира.<ref>Meša Selimović, ''Tvrđava''. Vulkan, Beograd, 2014, стр. 312-329.</ref>
# ''Тврдина'': По враќањето дома, Ахмет се разболува и три дена лежи в постела. Откако закрепнува, тој дознава дека Махмут ја продал куќата за да го покрие кусокот во магацинот, направен поради тоа што им делел бесплатно жито на сиромашните. За време на неговата болест, Шехага бил погребан, а Ахмет се сомнева дека Осман Вук планира да им се одмазди на виновниците за смртта на Шехага. По некое време, Ахмет и Тијана се селат во друг стан, а тој почнува да работи како детски учител. Романот завршува така што власта повторно распишала мобилизација, а Ахмет ги набљудува момчињата кои заминуваат во војна, прашувајќи се длаи и идните генерации ќе живеат исто така.<ref>Meša Selimović, ''Tvrđava''. Vulkan, Beograd, 2014, стр. 330-335.</ref>
 
==Изданија на романот==
Романот „Тврдина“ доживеал повеќе изданија:<ref>„Prilozi u periodičnoj štampi, zbornicima, almanasima i dr.“, во: Meša Selimović, ''Magla i mjesečina''. Beograd: Sloboda, Rijeka: Otokar Keršovani, 1975, стр. 179-182.</ref>
* исечок од романот со наслов „Смрт во Венедик“ бил објавен во белградското списание „[[НИН]]“ во бројот 13 од 1 декември 1968 година.
* исечок од романот со наслов „Љубов“ бил објавен во сараевското списание „Одјек“ (број 17-18) во 1969 година.
* исечок од романот со наслов „Необична молитва“ бил објавен во сараевскиот весник „Ослобоѓење“ во бројот 7393 од 31 декември 1968 и 1 и 2 јануари 1969 година.
* исечок од романот со наслов „Непријателска земја“ бил објавен во титоградското списание „Овдје“ (број 4) во 1969 година.
* исечок од романот со наслов „Сонот како мера за животот“ бил објавен во сараевското списание „Одјек“ (број 13-14) во 1969 година.
* исечок од романот со наслов „Тијана“ бил објавен во списанието „Elle - Ona“ (број 15) од 20 ноември 1969 година.
* исечок од романот со наслов „Детски свирчиња“ бил објавен во сараевското списание „Живот“ (број 6) од 1970 година.
* исечок од романот со наслов „Една ноќ, спроти петок“ бил објавен во сараевскиот весник „Ослобоѓење“ во бројот 7871 од 30 април и 1 и 2 мај 1970 година.
* исечок од романот со наслов „Народен првак“ бил објавен во сараевското списание „Одјек“ (број 1-2) во 1970 година.
* исечок од романот со наслов „Празен простор“ бил објавен во сараевското списание „Одјек“ (број 7-8) во 1970 година.
* исечок од романот со наслов „Лош сон“ бил објавен во сараевското списание „Нова жена“ (број 5) во 1970 година.
* исечок од романот со наслов „Среќа, сепак...“ бил објавен во белградскиот весник „[[Политика (весник)|Политика]]“, во бројот 20320 од 1 и 2 мај 1970 година.
* исечок од романот со наслов „Три можности“ бил објавен во белградското списание „Књижевне новине“, во бројот 368 од 4 јули 1970 година.
 
== Наводи ==