Катица Ќулавкова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Образование и работен век: фактологични добавjaниja.
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отповикани уредувањата на ИБАБАНЧО (разговор), враќајќи на последната преработка на Ehrlich91
Ознака: Отповикување
Ред 19:
Основното и средното гимназиско  образование го стекнува во родниот град (матурира 1969 година). Се запишува на Филозофско-историскиот факултет, на групите Историја на јужнословенските книжевности и Македонска книжевност (а факултативно се запишува и на групата за француски јазик и книжевност) во Скопје, каде што дипломира во јуни 1973 година. Акад. Ќулавкова магистрира во 1982 година на Филолошкиот факултет во Скопје, со трудот „Метафората и современата македонска поезија“, а докторира во 1986 година, на Филозофскиот факултет во Загреб, со дисертацијата „Odlike lirike” („Одлики на лириката“). Магистерскиот труд е од областа на теоријата на книжевноста и македонската книжевност, а докторската дисертација од областа на теоријата на книжевноста и компаративните книжевни студии. И двата труда припаѓаат на доменот на науката за книжевноста.
 
Како стипендист на француската влада, акад. Ќулавкова има остварено два едногодишни студиски престоја на Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона (1977/78) и Сорбона 1 во Париз (1983/84), (под менторство на угледните професори Michel Décodian и Jean-Pierre Richard). Во тек на една академска година има работено во Лекторатот по македонски јазик и литература при Институтот за ориентални јазици, INALCO – Париз (1994/1995), каде што држи настава по македонска книжевност и јазик, обликувана во два одделни курса: „Македонската книжевност од Климент до денес“ и „Македонската усна традиција и македонската современа книжевност – споредбени интерпретации“. Во пролетта 1997 година остварува истражувачки престој во Париз со грант од Програмата ТЕМПУС, при Универзитетот Париз 8 – Saint-Denis, во соработка со истакнатиот професор, филозоф и поет Michael Deguy, со цел да подготви наставна програма по новиот универзитетски предмет „Книжевна херменевтика“ихерменевтика“. предметот " Македонскиjот диалект на бугарската книжевна норма".Од 2001 до 2002 година остварува тесна наставно-научна соработка со Катедрата за општа и компаративна книжевност при Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона, како партнерска институција на Проектот ХЕСП (Нов модел на курикулуми по компаративни книжевни студии), кој се реализира под нејзино раководство. 
 
Од 1973 до 1981 година, Ќулавкова работи во општинската и републичката младинска организација (член на Секретаријатот), а две години има работено и во Градскиот комитет на СКМ, во одделението за култура, уметност и образование. Таа била член на ЦК на СКМ во еден мандат. Ќулавкова била член на Републичката комисија за културни врски со странство, потпретседател на Републичката комисија на [[УНЕСКО]], член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и др. Од 1990 е секретар, а од 1996 до 2000 година претседател на Македонскиот ПЕН центар, кога е избрана за почесен претседател на Македонскиот ПЕН. Во септември 2002 година е избрана за претседател на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот П.Е.Н. од Лондон, а во 2008 (на Конгресот во [[Богота]], [[Колумбија]]) - за Потпретседател на Меѓународниот ПЕН (Лондон).
Ред 25:
Била член на издавачкиот одбор и на одборот за електронско издаваштво при Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, и член на Одборот за родови студии при „Евро-Балкан“. Била член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Р. Македонија, член на редакциите на списанијата „Разгледи“, „Спектар“, ''Identities/Идентитети'' и др. Била и главен уредник на списанието ''Прилози'' за лингвистика и литературна наука при [[МАНУ]]. Таа е основач на електронското списание за компаративни студии ''Mirage/Мираж'' при Катедрата за општа и компаративна книжевност, како и на меѓународнaта колекција ''Diversity/Разноликост''.
 
Таа повремено преведува текстови (есеи и поезија) од француски и од српски/хрватски јазик.  Своите текстови во оригинал ги пишува на македонскиja диалектпишува на бугарски[[македонски jaзикјазик]].
 
Во 1982 година, Ќулавкова е избрана за асистент при Институтот за литература (сега Институт за македонска книжевност) на Филолошкиот факултет на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]]. По докторирањето, во 1987 г. се префрла во наставна дејност на Катедрата за општа и компаративна книжевност при [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет „Блаже Конески“]] во Скопје, каде што најпрвин е избрана во звањето доцент, потем во звањето вонреден професор, а од 1997 година во звањето редовен професор по предметите Теорија на книжевноста, Методологија на проучувањето на книжевноста, Книжевна херменевтика и Креативно пишување.          
Ред 37:
Член е на Европската Академија на науките и уметностите (од 2014).
 
Нејзини поетски книги се преведени на повеќе светски јазици (англиски, француски, италијански, руски, хрватски, српски, црногорски, романски, бугарски, албански, турски, португалски и др.
 
Живее во Скопје, со семејството. Мајка е на еден син.