Македонски народен театар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 40:
Првиот скопски театар е таканаречениот „Турски театар“ или „'''Ада Кафе'''“, изграден во 1906 г. По ослободувањето од Отоманското Царство, неговата зграда е прилагодена и тука започнал да работи '''Народниот театар „Крал Александар I“''' основан во 1913 г. од [[Бранислав Нушиќ]] како прва професионална театарска установа.<ref>[https://mnt.mk/za-mnt/mnt/istorija Историјат], МНТ</ref>
 
Театарот е основан со Одлука на [[Президиум на АСНОМ|Президиумот на АСНОМ]] (бр. 581/45) од [[31 јануари]] [[1945]] година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот. Првата претстава изведена на неговата сцена е лирската трочинка ''[[Платон Кречет]]'' од украинско-советскиот драматург [[Александар Корнејчук]], во препев на [[Блаже Конески]]. Премиерата се случува на 3-ти април 1945-та година, како режисер се јавува [[Димитар Ќостаров]], а во главната улога игра [[Илија Милчин]].<ref>[https://mnt.mk/pretstavi-menu/arhiva/platon-krechet-03-04-1945 Од архивата на МНТ]</ref>
 
Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмски [[театар]], аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „[[Кавалерија рустикана]]“ била изведена на [[9 мај]] [[1947]] година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „[[Валпургиска ноќ]]“ била изведена на [[27 јануари]] [[1949]] година).