Свет Дух: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување за улогите на Светиот Дух, конкретно за „нановораѓањето“: што значи старогрчкиот збор, како фразата „вода и Дух“ се користи во Стариот Завет и што означува, што означува нановораѓањето според Библијата, плодовите на нановораѓањето и пример од Библијата за нановораѓање.
Дополнување за плодовите на Светиот Дух: секоја засебно што означува.
Ред 25:
Светиот Дух има улога и за нехристијаните исто така. Тој ги уверува срцата на луѓето за Божјата вистина дека се грешни и дека им е потребна Неговата прошка; за праведниот Исус, Кој умре наместо нас за нашите гревови и за Божјата осуда над светот и оние кои не Го познаваат Него ( Јован 16:8-11). Светиот Дух му зборува на нашето срце и нашиот ум да се покаеме и да се свртиме кон Бог и од Него да побараме прошка и нов живот.
 
== Плодот на Светиот Дух ==
{{Нормативна контрола}}
Ова се побожните карактеристики на оние кои вистински му припаѓаат на Бог преку вера во Христа и кои го поседуваат Духот Божји:
 
'''Љубов''' - тука е употребен зборот „агапе - ἀγάπη“, што претставува љубов која одлучува да љуби. Ваквата љубов не се однесува на емоционална наклонетост, физичка привлечност или семејна врска, туку на почит, посветеност и наклонетост која води кон доброволно и пожртвувано служење (Јвн. 15:13; Рим. 5:8; 1 Јвн. 3:16,17).
 
'''Радост''' - станува збор за радост која се темели на непроменливите божествени ветувања и вечните духовни реалности. Тоа е чуството на благосостојба што го доживува вистинскиот верник, бидејќи знае дека е помирен со Господ (1 Пет. 1:8-9). Ваквата радост не е резултат на поволни околности, па дури и се јавува кога тие околности се најболни и најтешки (Јвн. 16:20–22). Радоста е дар од Бога, и како таква, верниците не треба да ја произведуваат, туку да уживаат во благословот што веќе го поседуваат (Рим. 14:17; Флп. 4:4).
 
'''Мир''' - станува збор за внатрешниот мир што произлегува од довербата во спасителната врска со Исус Христос. Исто како и радоста, мирот не е поврзан со околностите (Јвн. 14:27; Рим. 8:28; Флп. 4:6,7,9).
 
'''Долготрпеливост''' - претставува способност да се издржат повредите нанесени од други луѓе, како и подготвеност да се прифатат иритирачки и болни ситуации (Еф. 4:2; Кол. 3:12; 1 Тим. 1:15,16).
 
'''Љубезност''' - претставува нежна грижа за другите, што се изразува во нашата желба нежно да се однесуваме кон други луѓе, исто како што Господ се однесува кон верниците (Мат. 11:28,29; 19:13,14; 2 Тим. 2:24).
 
'''Добрина''' - станува збор за морална и духовна извонредност, која се манифестира со активни дела на давање (Рим. 5:7). На верниците им е заповедано да служат како пример за добрина (Гал. 6:10; 2 Сол. 1:11).
 
'''Верност''' - претставува лојалност и доверливост (Плачот на Еремија 3:22; Флп. 2:7–9; 1 Сол. 5:24; Отк. 2:10).
 
'''Кроткост''' - претставува смирен и нежен став, кој трпеливо ги издржува сите навреди и нема желба за одмазда. Во Новиот Завет, овој збор се користи и при опишувањето на три ставови: потчинување кон волјата Божја (Кол. 3:12), поучливост (Јак. 1:21) и имање обѕир кон другите луѓе (Еф. 4:2).
 
'''Самоконтрола''' - претставува воздржливост од страсти и нагони (1 Кор. 9:25; 2 Пет 1:5,6).<ref>{{Наведена книга|title=The MacArthur Study Bible, 2nd Edition}}</ref>{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Христијанство и ислам]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Свет_Дух