Римска уметност: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 77.29.220.139) и ја поврати преработката 4640136 на Bjankuloski06
Ознака: Рачно отповикување
Ред 109:
=== Мозаик ===
{{Главна|Римски мозаик}}
amogus[[Податотека:Alexander the Great mosaic.jpg|мини|Александровиот мозаик во Неапол (детаљ)]]
[[Податотека:Retiarius vs secutor from Borghese mosaic.jpg|мини|Гладијаторски мозаик во Рим]]
Римскиот мозаик се смета за мала уметност, иако честопати наголемо се користел, а при крајот на 4 век [[Христијанство|Христијаните]] почнале да го користат за големи религиозни слики на ѕидовите во нивните нови големи цркви. Претходно во римската уметност мозаикот главно се користел за подови, за тавани, и за поплочување внатрешни или надворешни ѕидови кои ќе бидат влажни, како оние во бањите. Познатиот примерок од хеленистичкото сликарство, ''[[Александров мозаик|Александровиот мозаик]]'' во [[Неапол]] првично бил поставен на подот во [[Помпеја]]. Овој мозаик е со многу повисок квалитет на изработка од повеќето други римски мозаици. Римјаните правеле разлика помеѓу нормален ''опус теселатум'' чии ''тесери'' најчесто биле поголеми од 4 мм изработуван на самото место, и пофиниот ''опус вермикулатум'' кој се користел за мали панели, односно површини, и се изработувал во работилница а потоа се донесувал на местото како готов панел. Вториот бил хеленистички жанр и се наоѓа во Италија помеѓу 100 п.н.е и 100 година од нашата ера. Повеќето потпишан мозаици имаат грчки имиња, што укажува на тоа дека уметниците останале претежно грчки, иако веројатно често биле робови обучени во работилниците. На крајот на 2 век пред нашата ера [[Нилски мозаик|Нилскиот мозаик на Палестрина]] е многу голем пример на нилски пејзажи, додека во 4 век [[Гладијаторски мозаик|Гладијаторскиот мозаик]] во Рим покажува неколку големи фигури во борба.<ref>Henig, 116-138</ref> Има и Орфејски мозаици, кои често биле уште една омилена тема. Во преодот кон византиската уметност, тенденцијата била ловечки сцени и животни.