Февруарски поход: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
 
Ред 4:
'''Февруарски поход''' — поход на [[Народно ослободителна војска на Македонија|Народноослободителната војска на Македонија]], која во февруари [[1944]] година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.
 
Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во [[Меглен]]ско, [[Егејска Македонија]], јужно од [[Кожуф]], се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на [[Втора македонска бригада|Втората македонска бригада]] на [[20 декември]] [[1943]] година во селото [[Фуштани]], [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во [[Тиквеш]]ко, [[Гевгелиско]] и во [[Мариово|Мариовско]].<ref>[http://217.16.70.245/?pBroj=1397&stID=7759&pR=9 „Шеесет години од Февруарскиот поход на македонската војска“, Утрински весник, Број 1397, 16 октомври 2006.]{{Мртва_врска|date=August 2021 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref>
 
Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против партизанските сили во [[Меглен]]ско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од [[Солун]] и [[Воден]], а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во [[Штип]], и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.