Тенис на Летните олимписки игри 2004 - мажи поединечно: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 109:
===Трето коло===
Изненадувањата не престанале ни во третата рунда. Таму му дошол крајот и на вториот носител Енди Родик кој бил поразен од шеснаесеттиот носител Фернандо Гонсалес во два сета со идентични 6-4, 6-4. Карлос Моја останал највисоко рангираниот играч во ждребот, откако со пресврт го елиминирал Иво Карловиќ со 4-6, 7-6, 6-4 и минал во четвртфиналето. Таму се пласирал и осмиот носител Грожан по победата над [[Фелисиано Лопес]], како и американците Марди Фиш и Тејлор Дент. Бердих, по Федерер скинал уште еден скалп, елиминирајќи го петнаесеттиот носител Томи Робредо, а десеттиот носител Николас Масу четвртфинале изборил по тешката победа над Игор Андреев со 6-3, 6-7, 6-4.
 
===Четвртфинале===
Во четвртфиналето испаднале и последните двајца играчи кои биле меѓу топ-8 носителите. Интересно е тоа што и двајцата биле елиминирани од чилеански тенисери: најпрво третиот носител Моја загубил од десеттиот носител Масу (6-2, 7-5), а потоа и осмиот носител Грожан од шеснаесеттиот Гонсалес (6-2, 2-6, 6-4).
 
На чилеанците во полуфиналето им се приклучиле двајца американски тенисери: Дент кој го победил Бердих со 6-4, 6-1, а Фиш бил подобар од [[Михаил Јужни]] со 6-3, 6-4.
 
Бидејќи Чиле и САД имале по два претставника во полуфиналето било јасно дека двете земји ќе освојат најмалку по еден олимписки медал (една од двете земји ќе освои два).
 
===Полуфинале===
Полуфиналните двојки биле чилеанско-американски, а исходот од нив изедначен по една победа за двете земји.
 
Масу го победил Дент со 7-6, 6-1 и се пласирал во натпреварот за златниот медал, каде противник му бил Фиш кој го совладал Гонсалес иако имал сет негатива 3-6, 6-3, 6-4.
 
Ваквиот развој на настаните донел нови чилеанско-американски пресметки во борбата за медали; за златниот медал играле Масу и Фиш, а за бронзениот Гонсалес и Дент.
 
===Натпревар за бронзен медал===
Натпреварот за бронзениот медал меѓу Гонсалес и Дент бил многу интересен и неизвесен до самиот крај. Во првиот сет, Гонсалес рано направил брејк и го сочувал до самиот крај за да го добие сетот со 6-4. Дент одговорил со многу подобра игра во вториот сет. При резултат 2-1 за него, тој му го одземал сервисот на Гонсалес и потоа стигнал до голема предност од 5-2. Во гемот во кој Гонсалес сервирал да остане во вториот сет, Дент направил уште еден брејк и го завршил сетот со 6-2 во своја корист за израмнување на 1-1. Уште во првиот гем од третиот одлучувачки сет, Гонсалес направил брејк, но Дент веднаш веќе во следниот гем го вратил загубениот сервис. Од тој момент не бил виден ниту еден брејк, па двајцата играчи стигнале до резултатот 6-6 во третиот одлучувачки сет во кој немало тај-брејк што значело дека мечот ќе биде решен на два гема разлика и мора да се случи брејк. Тенисерите продолжиле да бидат сигурни на свој сервис, а клучниот момент се случил при резултат 14-14, кога Гонсалес направил брејк и обезбедил сервис за победа. Во следниот гем бил сигурен на свој сервис и победил со 6-4, 2-6, 16-14, за освојување на бронзениот медал.
 
===Натпревар за златниот медал===
Во натпреварот за златниот медал играле десеттиот носител Николас Масу и Марди Фиш кој не бил поставен за носител. Масу одлично го започнал натпреварот поведувајќи со 5-0, правејќи при тоа два брејка. Фиш успеал некако да се опорави од лошиот почеток стигајќи до 5-3 и враќајќи еден од двата брејка предност на Масу, но во деветтиот гем на свој сервис Масу го завршил првиот сет во своја корист со резултат 6-3.
 
Во вториот сет, Фиш прв направил брејк при резултат 4-3 за него, и во следниот гем на свој сервис изедначил на 1-1 во сетови. Американецот продолжил со одличната игра и во третиот сет кој го добил со убедливи 6-2, одземајќи му го двапати сервисот на Масу. Сепак, десеттиот носител одбил да се предаде иако имал некој проблеми со повреда на бутниот мускул и во четвртиот сет стигнал до брејк предност и водство од 3-1. Го задржал својот сервис и брејкот предност до самиот крај на сетот кој го добил со 6-3 и го одвел финалето во одлучувачки петти сет.
 
Веќе во првиот гем од петтиот сет Масу повторно прв направил брејк и повел со 1-0, но Фиш возвратил со брејк и изедначил на 1-1. Во следните два гема играчите биле сигурни на свој сервис, а нов брејк е виден во петтиот гем кога одново Масу дошол до брејк предност. За разлика од почетокот на сетот, овој брејк го сочувал до крајот и му бил доволен за освојувањето на златниот медал. Масу победил 6-3, 3-6, 2-6, 6-3, 6-4 и го освоил вториот медал за својата земја на овој турнир во машка поединечна конкуренција по бронзениот на Фернандо Гонсалес. Марди Фиш и САД морале да се задоволат со сребрениот медал.
 
== Носители ==