Тенис на Летните олимписки игри 2004 - мажи поединечно

Тенискиот турнир во машка поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2004 во Атина се одржал од 15 до 22 август во Олимписки тениски центар во Атина, Грција. Учествувале 64 натпреварувачи од 32 земји.[1] Лимитот на играчи по земји бил сведен на четири почнувајќи од претходните игри во 2000 година.

Тенис - Мажи поединечно
на Летните олимписки игри 2004
TennisAt2004SummerOlympics-1.jpg
Тенис на Летните олимписки игри 2004
МестоОлимписки тениски центар, Атина
Денови15–22 август
Натпреварувачи64 од 32 земји
Медалисти
Gold medal icon.svg Николас Масу Чиле
Silver medal icon.svg Марди Фиш САД
Bronze medal icon.svg Фернандо Гонсалес Чиле
← 2000
2008 →

Евгени Кафелников бил бранител на златниот медал, кој го освоил со победата на турнирот во 2000. Сепак, Кафелников се пензионирал во 2003 година и не бил во можност да го брани насловот и златниот медал. Николас Масу од Чиле го победил Марди Фиш од САД со 6-3, 3–6, 2–6, 6–3, 6–4 во финалето и го освоил златниот медал во машка поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2004. Само последниот натпревар бил одигран во систем подобар во три добиени сета; сите други биле подобар во два добиена сета. Натпреварот за бронзен медал резултирал со успех на уште еден чилеанец: Фернандо Гонсалес го победил американецот Тејлор Дент.

Најголемото изненадување се случило уште во првото коло кога Јиржи Новак ја искористил непостојаната игра на Тим Хенман во оваа календарска година, совладувајќи го во два сета 6-3, 6-3. Второто коло донело уште неколку шокантни елиминации на фаворитите, но ниту една поголема од поразот на светскиот рекет број еден, Роџер Федерер, кој бил елиминиран од чехот Томаш Бердих, рангиран на 74-тото место на АТП листата. Надежите за златен медал на поранешните светски играчи број еден Хуан Карлос Фереро и Марат Сафин, исто така избледеле брзо по раните елиминации на турнирот. Двата медали на чилеанските тенисери биле први за оваа јужноамериканска земја во машка поединечна конкуренција.

ОпштоУреди

Машкиот турнир во поединечна конкуренција на Летни олимписки игри 2004 се одржал во Олимпискиот тениски центар во Атина, Грција од 15 до 22 август 2004 година.[2] Тенисот бил еден од спортовите застапени на првите Летни олимписки игри во 1896 година. Сепак, тенисот бил тргнат од олимписката програма по Летните олимписки игри во 1924 година поради несогласувања помеѓу раководното тело на спортот, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) и независната олимписка организација, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за тоа како да се дефинираат спортистите-аматери. МОК го вратиле тенисот во олимписката програма како демонстративен спорт на игрите во 1968 и 1984 пред да се врати како спорт во кои повторно се доделуваат медали, отворен за сите играчи во 1988 година.[2] Турнирот во 2004 година, бил 12-тото издание на кое се доделувало медали во машка поединечна конкуренција.

На овој турнир во 2004 година, се вратиле петмина од вкупно осум четвртфиналисти од претходното олимписко издание, турнирот во Сиднеј 2000 година: меѓу нив бил освојувачот на сребрниот медал (поразен во финалето во Сиднеј) Томи Хас од Германија, четвртопласираниот на турнирот Роџер Федерер од Швајцарија и тројца играчи елиминирани во четвртфиналето: Макс Мирни од Белорусија, Хуан Карлос Фереро од Шпанија и Густаво Куертен од Бразил.

Гледано по држави, Алжир, Кинески Тајпеј и Кипар го имале своето деби на олимписки турнир во машка поединечна конкуренција. Франција пак, го забележала 11-тиот настап, најмногу меѓу сите нации, пропуштајќи го само турнирот во 1904 година.

КвалификацииУреди

Квалификациите за турнирот во поединечна конкуренција биле ограничени на четири играчи по Национален олимписки комитет (НОК), организација што ја претставува секоја земја на Олимписките игри. Националните тениски федерации кои биле членки на ИТФ пред 1 јануари 2004 година, имале право да номинираат играчи за настап на натпреварувањето. На турнирот учествувале вкупно 64 играчи од кои 48 се квалификувале преку нивниот ранкинг на Светската ранг-листа на ИТФ објавена на 14 јуни, а двајца играчи добиле специјални покани од Трипартитната комисија. Секој НОК кој имал повеќе од четири играчи кои можеле да се квалификуваат според Светската ранг-листа, биле приморани да ги изберат своите највисоко рангирани играчи со право да се натпреваруваат на турнирот. Преостанатите 14 квалификувани тенисери стекнале право на учество преку специјални покани од организаторот (т.н. вајлдкарти): осум играчи биле избрани врз основа на нивниот светски ранкинг, а останатите шест биле избрани врз основа на неговиот светски ранг, без разлика дали нивната земја има репрезентација во тенис, бројот на играчи кои биле во Атина и нивната географска локација.[3][4]

Играчите кои заработиле автоматски влез во ждрепката, но се повлекле од натпреварувањето поради болест или повреда пред полноќ на 7 август, биле заменети со друг тенисер од неговата земја или следниот играч кој имал највисоко рангирање а не бил во можност да настапи на турнирот. Да не беше така, тогаш ИТФ би избрал највисоко рангиран номиниран играч или квалификуван натпреварувач ако некоја земја има повеќе од четворица играчи на турнирот.[2][4]

Поени за рангирањеУреди

Подолу е прикажана распределбата на АТП бодови кои играчите можат да ги добијат од овој турнир:[5]

Светска АТП листа

  • Носител на златен медал: 400 бодови
  • Носител на сребрен медал: 280 бодови
  • Носител на бронзен медал: 205 бодови
  • Вториот полуфиналист: 155 бодови
  • Четвртфиналист: 100 бодови
  • Трето коло: 50 бодови
  • Второ коло: 25 бодови
  • Прво коло: 5 бодови

Годишна АТП листа

  • Носител на златен медал: 80 бодови
  • Носител на сребрен медал: 56 бодови
  • Носител на бронзен медал: 41 бодови
  • Вториот полуфиналист: 31 бодови
  • Четвртфиналист: 20 бодови
  • Трето коло: 10
  • Второ коло: 5
  • Прво коло: 1

РаспоредУреди

Времињата се според грчкото време (UTC+2)

Распоредот бил преправен во споредба со претходните игри, така што овојпат тенискиот турнир траел само 8 дена наместо 11.

Дата Време Рунда
Недела, 15 август 2004
Понеделник, 16 август 2004
1. коло
Вторник, 17 август 2004 2. коло
Среда, 18 август 2004 3. коло
Четврток, 19 август 2004 Четвртфинале
Понеделник, 20 август 2004 17:00 Полуфинале
Сабота, 21 август 2004 17:00 Натпревар за бронзен медал
Недела, 22 август 2004 Финале

Преглед на турниротУреди

Пред почетокот: носители, откази и изјавиУреди

 
Роџер Федерер, првиот носител на турнирот и бил главен фаворит за освојување на истиот.

Турнирот е игран според системот на единечна елиминација со натпревар за бронзен медал. Натпреварувањето е одиграно на тврда подлога по системот подобар во два добиени сета, освен натпреварот за златниот медал, кој се одиграл во три добиени сета.[4][6] Шеснаесет играчи биле поставени за носители на турнирот, базирано според нивната последна позиција на светската АТП ранг-листа непосредно пред турнирот.[4] Победникот на овогодинешниот Вимблдон, Роџер Федерер бил прв носител, Енди Родик бил втор носител, Карлос Моја трет, а Тим Хенман бил четврти носител.[7] Светскиот рекет број три и финалист на овогодинешниот Ролан Гарос, аргентинецот Гиљермо Корија, имал повреда на десното рамо поради што морал да се повлече од натпреварувањето, а неговото место го заземал неговиот сонародник и светски рекет број 40 - Маријано Сабалета.[8][9] Играчот кој го победил Корија во финалето на Ролан Гарос 2004, светскиот рекет број пет, Гастон Гаудио ја влошил повреда на десната пета и исто така чувствувал болката во десното рамо додека играл на Мастерсот во Синсинати по што станал вториот аргентински топ-10 играч кој се повлекол од натпреварувањето. Бил заменет од неговиот сонародник светскиот рекет број 50 - Агустин Каљери.[10] Давид Налбандијан, поставен за шести носител на турнирот, се повлекол непосредно пред неговиот почеток поради истегнување на левото бедро со што станал третиот аргентински играч што го напуштил настанот. Фредерик Нимејер го заменил во ждребот.[11] Меѓу останатите играчи кои го откажале настапот биле и холанѓанецот Мартин Веркерк, заменет од Вејн Артурс,[12] и Иракли Лабадзе, кој бил заменет од Владимир Волчков.[13]

Федерер бил сметан од медиумите за голем фаворит пред турнирот.[14][15] Хенман, кој играл на претходните две Олимписки игри, ги коментирал неговите шанси за победа: "Федерер влегува како фаворит на турнирот, нема сомнеж во тоа. [Енди] Родик, исто така, има свој шанси на тврда подлога. Но, јас ги победив и двајцата оваа година, па ако можам да останам здрав и да го извршам планираниот план за игра, тогаш има шанса и за мене. Ќе излажам ако кажам дека не сум сонувал да го освојам златниот медал“.[16] Родик ја искористил својата прес-конференција пред турнирот за да изјави дека сака да освои медал на Олимписките игри и дека бил загрижен за неговиот противник во првото коло.[17]

Прво колоУреди

Ждребот за турнирот бил извлечен на 12 август 2004 година во Атина.

Првото коло на турнирот, во кое учествувале 64 играчи, се одржало од 15 до 16 август.[2] Во текот на првиот ден се играле натпревари од долната половина на ждребот, а фаворитите релативно добро поминале и се пласирале во следната рунда. Родик остварил победа со 6–3, 7–6 над Флавио Сарета, петтиот носител Хуан Карлос Фереро бил подобар од Хишам Арази (6-3, 6-1), осмиот носител Себастијен Грожан го совладал Луис Орна (6-2, 7-5), а деветтиот носител Марат Сафин се изборил за второто коло совладувајќи го Карол Кучера со 6-0 и 6-4.[18] Од носителите првата препрека ја минале уште Николас Кифер (14. носител) кој го добил Владимир Волчков во два сета (6-2, 6-4) и Фернандо Гонсалес (16. носител) кој бил подобар од домашниот претставник Константинос Економидис. Најголемото изненадување на првиот натпреварувачки ден го приредил 27-мо рангираниот тенисер во светот Јиржи Новак од Чешка. Новак во два сета (6-3, 6-3) за само 68 минути го елиминирал Тим Хенман, четвртиот носител и освојувач на сребрен медал во двојки на игрите во 1996, користејќи ја неконзистентната игра со многу неприсилени грешки на британецот.[19][20] Покрај за Хенман, турнирот по првиот ден завршил и за уште еден носител, 11-тиот Хуан Игнасио Чела од Аргентина, кој бил поразен од Макс Мирни со 3-6, 7-6, 6-4.[21]

Во вториот ден е видена голема драма и многу неизвесни натпревари. На првиот носител Роџер Федерер му биле потребни три сета и речиси два часа игра да го елиминира Николај Давиденко со 6–3, 5–7, 6–1.[22] Тој добил и официјално предупредување за злоупотреба на топчиња, кога исфрлил едно топче на покривот на централниот терен во фрустрација поради неговата игра во вториот сет.[23] На третиот носител Карлос Моја, му биле потребни скоро три часа и вкупно пет меч топки во последните два сета за да го совлада Томас Енквист со 7-6, 6–7, 9–7.[24] Во второто коло од горната половина на ждребот уште се пласирале Никола Масу (10. носител), кој го победил поранешниот светски рекет број 1 Густаво Куертен, Томи Робредо (15. носител) и Оливје Рокус, последниот го изненадил Марк Филипусис двократен Гренд Слем финалист.[25] Турнирот завршил за седмиот носител Рајнер Шутлер од Германија, поразен од Игор Андреев 6-7, 7-6, 6-2, дванаесеттиот носител Парадорн Сричафан кој загубил од Јоаким Јохансон (6-2, 6-3)[24][26] и тринаесеттиот носител Андреј Павел кој бил елиминиран во три сета од хрватот Иво Карловиќ.[26]

Второ колоУреди

 
 
Моменти од натпреварите од второто коло: Родик-Хас (сл. 1) и Федерер-Бердих (сл.2).

Вториот круг се одиграло на 17 август. Агустин Каљери се повлекол во оваа фаза од турнирот поради напрегање на левиот абдомен, давајќи му на неговиот противник Игор Андреев без борба да се пласира во третото коло.[27] Светскиот рекет број 49 Марди Фиш се вратил од сет и брејк-топка негатива за да оствари победа од 4–6, 7–6(7-5), 6–4 над поранешниот светски рекет број еден Хуан Карлос Фереро.[28] Фиш за неговата победа рекол: "Имаше многу шпанци таму кои навиваа за него. Па затоа, кој навиваше за мене, јас ја посветувам победата нему".[28] Друг победник во второто коло од САД дошол во лицето на Тејлор Дент, кој се опоравил од бавниот почеток за да го победи Доминик Хрбати со 7–6, 6–4.[29]

Родик направил 17 асови, 30 винери и 57 неизнудени грешки во натпреварот во кој спасил две меч топки за да може да го елиминира освојувачот на сребрениот медал од 2000 година, Томи Хас, со 6–4, 3–6, 9–7 во натпревар од 2 часа и 19 минути.[30] И додека Родик го "преживеал" второто коло, најголемата сензација на турнирот се случила кога највисоко рангираниот играч на турнирот, Федерер, загубил во второто коло од светскиот рекет број 74 Томаш Бердих со 4–6, 7–5, 7–5 поради лошиот сервис и низата неизнудени грешки.[31][32] Бердих за победата рекол: "Ова беше сè. Ова момче ги освои Вимблдон и Австралија опен и сега јас сум играчот којшто го победи. Неверојатно".[32] Моја го совладал Рокус со 6–0, 7–6 додека десеттиот носител Николас Масу го победил Винсент Спејдија со 7–6, 6–2.[33]

Трето колоУреди

Изненадувањата не престанале ни во третата рунда. Таму му дошол крајот и на вториот носител Енди Родик кој бил поразен од шеснаесеттиот носител Фернандо Гонсалес во два сета со идентични 6-4, 6-4. Карлос Моја останал највисоко рангираниот играч во ждребот, откако со пресврт го елиминирал Иво Карловиќ со 4-6, 7-6, 6-4 и минал во четвртфиналето. Таму се пласирал и осмиот носител Грожан по победата над Фелисиано Лопес, како и американците Марди Фиш и Тејлор Дент. Бердих, по Федерер скинал уште еден скалп, елиминирајќи го петнаесеттиот носител Томи Робредо, а десеттиот носител Николас Масу четвртфинале изборил по тешката победа над Игор Андреев со 6-3, 6-7, 6-4.

ЧетвртфиналеУреди

Во четвртфиналето испаднале и последните двајца играчи кои биле меѓу топ-8 носителите. Интересно е тоа што и двајцата биле елиминирани од чилеански тенисери: најпрво третиот носител Моја загубил од десеттиот носител Масу (6-2, 7-5), а потоа и осмиот носител Грожан од шеснаесеттиот Гонсалес (6-2, 2-6, 6-4).

На чилеанците во полуфиналето им се приклучиле двајца американски тенисери: Дент кој го победил Бердих со 6-4, 6-1, а Фиш бил подобар од Михаил Јужни со 6-3, 6-4.

Бидејќи Чиле и САД имале по два претставника во полуфиналето било јасно дека двете земји ќе освојат најмалку по еден олимписки медал (една од двете земји ќе освои два).

ПолуфиналеУреди

Полуфиналните двојки биле чилеанско-американски, а исходот од нив изедначен по една победа за двете земји.

Масу го победил Дент со 7-6, 6-1 и се пласирал во натпреварот за златниот медал, каде противник му бил Фиш кој го совладал Гонсалес иако имал сет негатива 3-6, 6-3, 6-4.

Ваквиот развој на настаните донел нови чилеанско-американски пресметки во борбата за медали; за златниот медал играле Масу и Фиш, а за бронзениот Гонсалес и Дент.

Натпревар за бронзен медалУреди

 
Фернандо Гонсалес, освојувач на бронзениот медал.

Натпреварот за бронзениот медал меѓу Гонсалес и Дент бил многу интересен и неизвесен до самиот крај. Во првиот сет, Гонсалес рано направил брејк и го сочувал до самиот крај за да го добие сетот со 6-4. Дент одговорил со многу подобра игра во вториот сет. При резултат 2-1 за него, тој му го одземал сервисот на Гонсалес и потоа стигнал до голема предност од 5-2. Во гемот во кој Гонсалес сервирал да остане во вториот сет, Дент направил уште еден брејк и го завршил сетот со 6-2 во своја корист за израмнување на 1-1. Уште во првиот гем од третиот одлучувачки сет, Гонсалес направил брејк, но Дент веднаш веќе во следниот гем го вратил загубениот сервис. Од тој момент не бил виден ниту еден брејк, па двајцата играчи стигнале до резултатот 6-6 во третиот одлучувачки сет во кој немало тај-брејк што значело дека мечот ќе биде решен на два гема разлика и мора да се случи брејк. Тенисерите продолжиле да бидат сигурни на свој сервис, а клучниот момент се случил при резултат 14-14, кога Гонсалес направил брејк и обезбедил сервис за победа. Во следниот гем бил сигурен на свој сервис и победил со 6-4, 2-6, 16-14, за освојување на бронзениот медал.

Натпревар за златниот медалУреди

 
Николас Масу, победник на турнирот и освојувач на златниот медал.

Во натпреварот за златниот медал играле десеттиот носител Николас Масу и Марди Фиш кој не бил поставен за носител. Масу одлично го започнал натпреварот поведувајќи со 5-0, правејќи при тоа два брејка. Фиш успеал некако да се опорави од лошиот почеток стигајќи до 5-3 и враќајќи еден од двата брејка предност на Масу, но во деветтиот гем на свој сервис Масу го завршил првиот сет во своја корист со резултат 6-3.

Во вториот сет, Фиш прв направил брејк при резултат 4-3 за него, и во следниот гем на свој сервис изедначил на 1-1 во сетови. Американецот продолжил со одличната игра и во третиот сет кој го добил со убедливи 6-2, одземајќи му го двапати сервисот на Масу. Сепак, десеттиот носител одбил да се предаде иако имал некој проблеми со повреда на бутниот мускул и во четвртиот сет стигнал до брејк предност и водство од 3-1. Го задржал својот сервис и брејкот предност до самиот крај на сетот кој го добил со 6-3 и го одвел финалето во одлучувачки петти сет.

Веќе во првиот гем од петтиот сет Масу повторно прв направил брејк и повел со 1-0, но Фиш возвратил со брејк и изедначил на 1-1. Во следните два гема играчите биле сигурни на свој сервис, а нов брејк е виден во петтиот гем кога одново Масу дошол до брејк предност. За разлика од почетокот на сетот, овој брејк го сочувал до крајот и му бил доволен за освојувањето на златниот медал. Масу победил 6-3, 3-6, 2-6, 6-3, 6-4 и го освоил вториот медал за својата земја на овој турнир во машка поединечна конкуренција по бронзениот на Фернандо Гонсалес. Марди Фиш и САД морале да се задоволат со сребрениот медал.

Олимпискиот турнир била петтата АТП титула во поединечна конкуренција за Масу во дотогашната кариера и останала единствена во неговата кариера на тврда подлога по пензионирањето во 2013 година. Сите останати титули ги освоил на турнири кои се играле на земјена подлога.

НосителиУреди

ЖдребУреди

[33]

Завршница на турниротУреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                           
       Томаш Бердих (CZE) 4 1    
     Тејлор Дент (USA) 6 6    
       Тејлор Дент (USA) 65 1    
  10    Николас Масу (CHI) 77 6    
3    Карлос Моја (ESP) 2 5  
  10    Николас Масу (CHI) 6 7    
    10    Николас Масу (CHI) 6 3 2 6 6
       Марди Фиш (USA) 3 6 6 3 4
       Марди Фиш (USA) 6 6    
     Михаил Јужни (RUS) 3 4    
     Марди Фиш (USA) 3 6 6
  16    Фернандо Гонсалес (CHI) 6 3 4     Натпревар за бронзен медал
8    Себастијен Грожан (FRA) 2 6 2
  16    Фернандо Гонсалес (CHI) 6 2 6          Тејлор Дент (USA) 4 6 14
  16    Фернандо Гонсалес (CHI) 6 2 16

Горна половина на ждреботУреди

Сектор 1Уреди

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
1    Р. Федерер (SUI) 6 5 6  
   Н. Давиденко (RUS) 3 7 1     1    Р. Федерер (SUI) 6 5 5  
   Т. Бердих (CZE) 6 7      Т. Бердих (CZE) 4 7 7  
   Ф. Мајер (GER) 3 5          Т. Бердих (CZE) 77 4 8  
   Ф. Санторо (FRA) 6 6       15    Т. Робредо (ESP) 62 6 6  
   Ф. Воландри (ITA) 1 2        Ф. Санторо (FRA) 6 3 4
   Л. Уахаб (ALG) 3 4   15    Т. Робредо (ESP) 1 6 6  
15    Т. Робредо (ESP) 6 6          Т. Бердих (CZE) 4 1
12    П. Сричафан (THA) 2 3          Т. Дент (USA) 6 6
   Ј. Јохансон (SWE) 6 6        Ј. Јохансон (SWE) 63 4  
   С. Саргисјан (ARM) 3 2      И. Љубичиќ (CRO) 77 6  
   И. Љубичиќ (CRO) 6 6          И. Љубичиќ (CRO) 4 4
   Д. Хрвати (SVK) 6 6          Т. Дент (USA) 6 6  
   Ј. Ел Ајнауи (MAR) 3 4        Д. Хрбати (SVK) 64 3
   Т. Дент (USA) 6 3 6      Т. Дент (USA) 77 6  
Alt    Ф. Нимејер (CAN) 2 6 4  

Сектор 2Уреди

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
3    К. Моја (ESP) 710 67 9  
   Т. Енквист (SWE) 68 79 7     3    К. Моја (ESP) 6 77  
   М. Филипусис (AUS) 6 0 1      О. Рокус (BEL) 0 63  
   О. Рокус (BEL) 3 6 6       3    К. Моја (ESP) 4 77 6  
   А. Клеман (FRA) 77 6          И. Карловиќ (CRO) 6 63 4  
   Н. Лапенти (ECU) 65 2        А. Клеман (FRA) 64 6 4
   И. Карловиќ (CRO) 6 610 6      И. Карловиќ (CRO) 77 4 6  
13    А. Павел (ROU) 4 712 2       3    К. Моја (ESP) 2 5
10    Н. Масу (CHI) 6 5 6       10    Н. Масу (CHI) 6 7
   Г. Куертен (BRA) 3 7 4     10    Н. Масу (CHI) 77 6  
   Ј. Мелцер (AUT) 0 1      В. Спејдија (USA) 63 2  
   В. Спејдија (USA) 6 6       10    Н. Масу (CHI) 6 64 6
   А. Каљери (ARG) 2 6 8          И. Андреев (RUS) 3 77 4  
   К. Бек (SVK) 6 3 6        А. Каљери (ARG)
   И. Андреев (RUS) 65 77 6      И. Андреев (RUS) w/o  
7    Р. Шутлер (GER) 77 62 2  

Долна половина на ждреботУреди

Сектор 3Уреди

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
5    Х.К. Фереро (ESP) 6 6  
   Х. Арази (MAR) 3 1     5    Х.К. Фереро (ESP) 6 65 4  
   М. Фиш (USA) 79 1      М. Фиш (USA) 4 77 6  
   Ј. Бјоркман (SWE) 67 0 r          М. Фиш (USA) 6 4 6  
   Ј. Ниеминен (FIN) 6 6          М. Мирни (BLR) 3 6 1  
   Ј-х Лу (TPE) 3 3        Ј. Ниеминен (FIN) 3 4
   М. Мирни (BLR) 3 77 6      М. Мирни (BLR) 6 6  
11    Х.И. Чела (ARG) 6 60 4          М. Фиш (USA) 6 6
14    Н. Кифер (GER) 6 6          М. Јужни (RUS) 3 4
   В. Волчков (BLR) 2 4     14    Н. Кифер (GER) 6 3 6  
   Г. Караз (FRA) 7 65 5      М. Багдатис (CYP) 2 6 3  
   М. Багдатис (CYP) 5 77 7       14    Н. Кифер (GER) 3 6 2
   М. Јужни (RUS) 6 6          М. Јужни (RUS) 6 2 6  
   К. Малис (BEL) 2 2        М. Јужни (RUS) 6 6
   Ј. Новак (CZE) 6 6      Ј. Новак (CZE) 4 3  
4    Т. Хенман (GBR) 3 3  

Сектор 4Уреди

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
8    С. Грожан (FRA) 6 7  
   Л. Орна (PER) 2 5     8    С. Грожан (FRA) 77 6  
   В. Ханеску (ROU) 4 64      В. Артурс (AUS) 62 3  
   В. Артурс (AUS) 6 77       8    С. Грожан (FRA) 64 6 6  
   Р. Седерлинг (SWE) 3 6 4          Ф. Лопес (ESP) 77 4 0  
   Ф. Лопес (ESP) 6 3 6        Ф. Лопес (ESP) 77 6
   К. Кучера (SVK) 0 4   9    М. Сафин (RUS) 64 3  
9    М. Сафин (RUS) 6 6       8    С. Грожан (FRA) 2 6 4
16    Ф. Гонсалес (CHI) 77 6       16    Ф. Гонсалес (CHI) 6 2 6
   К. Економидис (GRE) 62 2     16    Ф. Гонсалес (CHI) 7 6  
   М. Сабалета (ARG) 6 3 2      Х-т Ли (KOR) 5 2  
   Х-т Ли (KOR) 4 6 6       16    Ф. Гонсалес (CHI) 6 6
   М. Анчиќ (CRO) 1 5       2    Е. Родик (USA) 4 4  
   Т. Хас (GER) 6 7        Т. Хас (GER) 6 3 7
   Ф. Сарета (BRA) 3 64   2    Е. Родик (USA) 4 6 9  
2    Е. Родик (USA) 6 77  

НаводиУреди

  1. „Singles, Men“. Olympedia. Посетено на 22 December 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Tennis Event at the 2004 Olympic Games – Media Guide“ (PDF). International Tennis Federation. 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  3. „Qualification“ (PDF). International Tennis Federation. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Olympic Tennis Event 2004 – Regulations“ (PDF). International Tennis Federation. стр. 4–7, 11 & 17–18. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  5. „Ranking Points“. International Tennis Federation. Архивирано од изворникот на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  6. „ATP, WTA eye rankings points for Olympics“. ESPN. Associated Press. 11 August 2004. Архивирано од изворникот 21 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  7. „Henin-Hardenne, Federer top Olympic seeds“. United Press International. 11 August 2004. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale In Context: Biography.
  8. „Injured Coria misses Olympic games“. CNN. 5 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  9. „Coria to miss Olympics“. BBC Sport. 4 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  10. „Argentina's hopes fade as Gaudio is injured“. ABC News. 7 August 2004. Архивирано од изворникот на 27 October 2016. Посетено на 20 March 2020.
  11. „Olympic Highlights – Tennis“. CBS News. Associated Press. 15 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  12. „Arthurs gets last-ditch Olympics berth“. ABC News. 11 August 2004. Архивирано од изворникот 27 October 2016. Посетено на 20 March 2020.
  13. „2000 Wimbledon semifinalist steps in“. ESPN. Associated Press. 13 August 2004. Архивирано од изворникот 21 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  14. Clarey, Christopher (13 August 2004). „Every continent offers potential global stars; Athens 2004“. International Herald Tribune. стр. 26. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  15. Schlink, Leo (10 August 2004). „The Olympian Athens 2004; Tennis“. The Advertiser. стр. L19. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  16. Hodgkinson, Mark (13 August 2004). „Henman must prove his intent“. The Daily Telegraph. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  17. Maher, John (13 August 2004). „Roddick chasing gold, but so is No. 1 Federer“. Austin American-Statesman. стр. C7. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  18. Bowers, Chris (15 August 2004). „Men's Round-up, Day One Night Session: Wind & Novak Blow Henman Away“. International Tennis Federation. Архивирано од изворникот на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  19. „Henman crashes out“. BBC Sport. 15 August 2004. Архивирано од изворникот 25 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  20. Mochlinski, Kaz (16 August 2004). „Henman's dream ends early again“. The Daily Telegraph. Посетено на 20 March 2020.
  21. Gabriel, Craig (15 August 2004). „Men's Round-up, Day One Day Session: Roddick Shakes off Edgy Start“. International Tennis Federation. Архивирано од изворникот на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  22. „Federer battles through“. BBC Sport. 16 August 2004. Архивирано од изворникот 29 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  23. „Federer through after rare warning“. CNN. 16 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  24. 24,0 24,1 „Moya wins, Dementieva out“. Rediff.com. Reuters. 16 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  25. Gabriel, Craig (16 August 2004). „Men's Round-Up, Day Two Night Session: Federer Starts Olympic Run“. International Tennis Federation. Архивирано од изворникот на 23 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  26. 26,0 26,1 „Olympic Results: Monday August 16 – 2004-08-16“. Voice of America. 16 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  27. „Calleri withdraws, Andreev advances by walkover“. International Tennis Federation. 17 August 2004. Архивирано од изворникот на 25 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  28. 28,0 28,1 „Fish surprises Ferrero in Olympic tennis“. United Press International. 17 August 2004. Посетено на 21 March 2020 – преку Gale In Context: Biography.
  29. Bowers, Chris (17 August 2004). „Men's Round-up, Day Three Day Session: Fish Nets Biggest Catch of his Career“. International Tennis Federation. Архивирано од изворникот на 23 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  30. Crouse, Karen (18 August 2004). „Roddick, Fish Scrap For Wins“. The Palm Beach Post. стр. 7C. Посетено на 21 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  31. „Federer flops; Tennis“. The Times. 18 August 2004. стр. 32. Посетено на 21 March 2020 – преку Gale Academic OneFile.
  32. 32,0 32,1 „Federer crashes out“. BBC Sport. 17 August 2004. Архивирано од изворникот 28 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  33. 33,0 33,1 „Tennis at the 2004 Athina Summer Games: Men's Singles“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 26 April 2009. Посетено на 20 March 2020.

Надворешни врскиУреди