Јосиф Чешмеџиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
 
==Животопис==
Јосиф Чешмеџиев е роден во [[Скопје]] во свештеничка и револуционерна фамилија, на 21 октомври (од други извори 8 декември) 1890 година. Татко му, свештеникот Евтим Чешмеџиев, кој бил управител на епархија, поради неговата револуционерна дејност во 1903 година, од страна на османлиските власти, бил осуден на смрт. Неговата мајка се викала Анастасија. Учел во Скопје, [[Куманово]], а потоа се школувал и во [[Солун]], каде што бил ученик на познатиот музички деец Атанас Бадев, кој му го разбудил чувството за народната песна. Понатаму се школувал и во Духовната семинарија во [[Цариград]] ([[Истамбул]]). Овде, учел да свири на разни духовни инструменти кај Акзенштајн, капел-мајстор на султанскиот духовен оркестар. За време на ова школување, тој раководел со на училишниот духовен оркестар во Цариград, а во почетокот на XX век ги напишал првите музички композиции. По враќањето во Скопје, во 1908 г., раководел со голем хор и духовен оркестар составен од калфи и чираци. Следната 1909 г., се запишал на композиција на Државниот конзерваториум во [[Лајпциг]], [[Германија]], каде што каде што на Конзерваториумот учел композиција кај прочуените [[Макс Регер]], [[Гуго Риман]] и С. Крел. По завршувањето на Лајпцишкиот конзерваториум во 1913 година, што се совпаднало со [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]], и поради состојбите во [[Македонија (регион)|Македонија]], тој останал да работи како помошник капел-мајстор на Хамбуршкиот драмски театар. По враќањето од Германија, повторно поради [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]], тој заминал во [[Бугарија]] каде што учителствувал во [[Видин]] во 1913 г., потоа во [[Јамбол]] од 1914 до 1920 г., како и во [[Софија]] во периодот од 1920 до 1927 г. и од 1930 до 1932 година.<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />
 
[[Податотека:Yosif Cheshmedzhiev in Etara.jpg|мини|400п375п||Јосиф Чешмеџиев (со капа во раката во средина) за време на снимањето на народни песни во [[Етара]], 19 април 1929 г.]]
Покрај учителствувањето се занимавал и со други дејности. Така, од 1925 до 1928 година бил обрасцов (примерен) учител во Музичката академија во Бугарија. Во тој период, освен другите дејности, запишувал и народни песни, како соработник - запишувач на народни песни во одделот „Народна музика“ при Народниот етнографски музеј во Софија (1928-1931 г.). Тој пишува и во списаниетo „Устрем“ (1923 - 1926), орган на „Македонскиот младински сојуз“ во Бугарија, за во 1926 година, списанијата „Устрем“, „Независна Македонија“ и „Илинден“ да се спојат и да започне печатењето на весникот „Македонија“. Чешмеџиев е назначен за музички уредник на „Македонија“ (1925-1933 г.), кој во тоа време е еден од најтиражните и највлијателните весници на македонската емиграција во Бугарија, близок со [[Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)|Внатрешната Македонска Револуционерна Организација]]. Исто така, тој е уредник и на музичката библиотека „Пантеон“ (до 1934 г.). Ги раководел и македонскиот мешан хор „Шар“ (од 1926 г.) и мешаниот хор „Јунак“ (од 1933 г.). Остварил и широка просветна дејност во музичкото образование меѓу [[Турци]]те во Бугарија. Тој патувал во [[Турција]], [[Грција]], [[Индија]], [[Австрија]], [[Германија]], [[Холандија]], [[Норвешка]], [[Шпанија]], [[Италија]] и [[Унгарија]]. Во еден прашалник, што го пополнил самиот, запишал дека ги знаел сите [[македонски дијалекти]], дека зборувал [[турски]], [[германски]], [[италијански]], а се ползувал и со [[латински]], [[старогрчки]], [[руски]] и [[црковнословенски]] јазик. Членувал и во Македонскиот културно-просветен сојуз и во ОФ. Неговата жена имала име Христина, а негов син е композиторот и диригент Евгениј Чешмеџиев.<ref>Енциклопедија на бугарската музичка култура, [[Софија]] 1967, стр. 453</ref> Починал на 28 април 1964 година во Софија.<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />
 
Ред 30 ⟶ 31:
|direction = vertical
|align = right
|width = 225230
|image1= 1 том, Македонски песни, Јосиф Чешмеџиев, 1926.jpg
|image2= Македонски народни песни, Јосиф Чешмеџиев, 1952.jpg
Ред 81 ⟶ 82:
Записите на македонски народни песни и оние што ги објавил Чешмеџиев, но и оние останати во ракопис, претставуваат значајни македонски фолклорни материјали, запишани од една недоволно позната и афирмирана личност. Очигледно тие претставуваат не само значајно збогатување на вкупниот фонд македонски народни песни туку и непроценливо богатство за македонската фолклористика, но и за македонската култура воопшто.
 
== Современи изданија ==
==Творештво==
[[Податотека:3 том Македонски песни, Јосиф Чешмеџиев (факсимил).jpg|мини|230п||Фаскимил од необјавениот III том македонски песни.]]
[[Податотека:Yosif Cheshmedzhiev in Etara.jpg|мини|400п||Јосиф Чешмеџиев (со капа во раката во средина) за време на снимањето на народни песни во [[Етара]], 19 април 1929 г.]]
Во 2009 и 2017 г., етномузикологот [[Марко Китевски]] ги обработува и објавува песните оригинално запишани од Чешмеџиев како III и IV том, во збирката насловена ''„Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“''. Книгата е голема збирка која се состои од вкупно 209 песни.
 
== Творештво ==
Чешмеџиев е забележан и како композитор, и во областа на хорската песна. Напишал поголем број детски песни, песни за мешан хор, направил обработки на македонски и турски народни песни итн. Автор е на симфонии и пиеси за оркестар, инструментални пиеси, песни за глас и пијано, масовни и естрадни песни и др. Автор е на учебници по пеење, статии за композитори од областа на музичкиот фолклор итн. За жал, неговото богато творешто, е недоволно проучено и недоволно афирмирано.<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />
 
Ред 96 ⟶ 100:
 
===Оркестар===
[[Податотека:Bulgarian Macedonian songs, published 1926.jpg|мини|десно|250п230п|[https://www.strumski.com/books/Български%20македонски%20песни.pdf I том од збирките со македонски песни.]]]
* Симфонија №1 (1912 година, недовршена)
* Симфонија №2 (1920 г.)