Социјалистичка Федеративна Република Југославија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 113:
Југословенската влада влегла во коалиција со [[СССР|Советскиот сојуз]] во рамките на владеењето на [[Сталин]] и во почетокот на [[Студена војна|Студената војна]] биле отстранети два [[САД|американски]] авиона, кои лебделе над југословенскиот воздушен простор, на [[9 август|9]] и [[19 август]] [[1946]] година. Ова биле првите воздушни несреќи на западни авиони за време на Студената војна и со оваа акција била предизвика длабока недоверба на [[Јосип Броз Тито|Тито]] во [[САД]] и сметал дури дека се спремала воена интервенција против Југославија.<ref>[http://users.skynet.be/Emmanuel.Gustin/faq/shotdowns.html Cold War Shootdowns<!--Bot-generated title-->]</ref> Новата Југославија во почетокот го користела [[Сталинистички модел|Сталинистичкиот модел]] за [[Економија|економски развиток]] во раниот период и притоа во некои делови доживеала успех. Тензиите со западот станале високи откако Југославија се приклучила кон планот на [[Сталин]] и СССР и во раниот период на Студената војна Југославија започнала со агресивна внатрешна политика. Откако ослободила поголем дел од [[Јулијски дел|Јулијскиот дел]] и [[Корушка]] и со историски барања на овие два региона, југословенската влада започнала дипломатски мисии со цел да ги приклучи кон своја територија. Овие две барања биле одбиени од западот. Најголема точка на раздорот била на пристаништето-град [[Трст]]. Градот и неговата внатрешност биле претежно ослободени од партизаните во [[1945]] година, но притисокот од страна на западните сојузници ги присилило да се повлечат вна т.н. „Морганска линија“. Слободната територија на Трст била создадена, и поделена на зона А и зона Б, водени од западните сојузници и Југославија соодветно. Првично Југославија била поддржана од Сталин, но од 1947 година односите на двете земји (Југославија и СССР) заладиле. Ова прашање било решено кога започнала конфликтот меѓу Тито и Сталин, така што зоната А и била дадена на [[Италија]], а зоната Б на Југославија.
 
[[Податотека:Konferencija Pokreta nesvrstanih 1961. godine.jpg|мини|десно|Првата конференција на [[Движењето на неврзаните]], Белград 1961 година.]]
Во меѓувреме избувнала [[Грчка граѓанска војна|граѓанската војна]] во [[Грција]] - јужниот сосед на Југославија. Притоа југословенската влада се одлучила да ја подржува Комунистичката партија на Грција за победа. Југославија направила пратка на помош во Грција, биле испратени оружје и муниција како и храна. На грчките сили дури им било дозволено да ја користат и југословенската територија како. Иако СССР, [[Народна Република Бугарија|Бугарија]] и [[Народна Република Албанија|Албанија]] и помогнале исто така и помогнале, помошта не можела да се мери со онаа која Југославија и ја упатила на грчката држава. Како и да е на оваа југословенска „авантура“ и дошол крајот кога настанала и Тито-Сталин поделбата, при што грчките комунисти во таа поделба застанале на страната на Сталин и одбиле секаква помош од југословенската влада. Без неа сепак ти биле победени во 1949 година.<ref name="The three Yugoslavias" /> Како резултат на тоа многу [[Македонци]] биле избркани од Грција и нивните домови биле завземени.