Си Џинпинг: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 1 година
ситна поправка
с (Отстран. врска, replaced: The Wall Street Journal → The Wall Street Journal using AWB)
(ситна поправка)
По назначувањето за партиски секретар на Шангај, Си во 2007 г. бил изгласан за член на [[Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина|Постојаниот комитет]]. Таму се котирал над [[Ли Кеќанг]], што значи дека имал најголеми изгледи да стане следниот претседател на државата. Покрај ова, Си членувал во врвот на [[Секретаријат на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина|Секретаријат на ЦК]] и поради неговите достигнувања, XI Национално народно собрание во 2008 г. го изгласал за [[Потпретседател на Кина]].<ref>[http://www.chinadaily.com.cn/china/2008npc/2008-03/15/content_6539302.htm "Hu Jintao reelected Chinese president"], Xinhua (''China Daily''), 15 март 2008</ref>
 
Откако стапил на функцијата, Си имал најразлични задолженија и портфолија. Бил надлежен за опширните подготовки на [[Летни олимписки игри 2008|Летните олимписки игри 2008]] во Пекинг и играл улога на најзначаен фактор во односите на централната управа со [[Хонгконг]] и [[Макао]]. Станал и претседател на [[Централно партиско уличиштеучилиште на Комунистичката партија на Кина|Централното партиско уличиштеучилиште]], установа за образовно-идеолошка подготовка на кадри на партијата. По Сечуанскиот земјотрес во 2008 г, Си ги посетил погодените подрачја во [[Шенси]] и [[Гансу]]. Во јуни 2008 г. ги остварил првите посети во странство како потпретседател, и тоа во Северна Кореја, Монголија, Саудиска Арабија, Катар и Јемен.<ref>{{нмс|url=http://www.mfa.gov.cn/eng/wjdt/wsrc/t462294.htm |title=Vice-President Xi Jinping to Visit DPRK, Mongolia, Saudi Arabia, Qatar and Yemen |publisher=Mfa.gov.cn |date=5 јуни 2008 |accessdate=20 октомври 2010}}</ref> По завршувањето на олимпијадата, бил назначен на чело на комитетот задолжен за организирање на одбележувањето на шеесетгодишнината од основањето на НР Кина. Го предводел и т.н. „Проект 6521“ за обезбедување на политичка стабилност во немирите во 2009 г.<ref>Michael Wines. [http://www.nytimes.com/2009/03/10/world/asia/10china.html 'China's Leaders See a Calendar Full of Anniversaries, and Trouble'] — [[The New York Times]], 9 март 2009</ref>
 
Си ужива значаен углед кај странските државници, кои ја ценат неговата отвореност и прагматичен пристап. Меѓу другите позитивни оценки, највпечатлива е онаа на поранешниот премиер на Сингапур, [[Ли Куан Ју]], кој изјавил дека Си е „промислен човек што минал низ многу маки и неволји во животот.“<ref name=NWK01>{{нмс|first=Jonathan|last=Ansfield|date=22 декември 2007 |url=http://www.newsweek.com/id/81558 |title=Xi Jinping: China’s New Boss And The ‘L’ Word |work=Newsweek |accessdate=20 October 2010}}</ref> Ли исто така се искажал дека: „Како човек, јас би го ставил во класата на [[Нелсон Мандела]]. Човек со многу голема емотивна стабилност што не дозволува личните несреќи и страдања да му го загрозат расудувањето. Со други зборови, импресивна личност“.<ref>{{наведени вести| url=http://china.blogs.time.com/2007/11/19/chinas_nelson_mandela/ |title=China's Nelson Mandela|work=Time | date=19 ноември 2007}}</ref>
Анонимен корисник