Википедија:Вовед: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
lektira spomenka
Ознака: Отповикано
Откажано уредувањето 4407923 на уредникот 89.205.84.243 (разговор)
Ознаки: Заменето Отповикај
Ред 1:
{{Ве молиме оставете го овој ред ваков како што е}}
zdravo sega tuka ke vi ja raskazam lektirata Spomenka
Романот се состои од 25 глави. Во селото каде што израснал Бојан, децата биле поделени на две дружини: оние од горниот дел на селото биле членови на дружината „Соколи“, а оние од долниот дел ја сочинувале дружината „Црни стрели“. Еден априлски ден, додека си играле децата, Вера Претералка му понудила на Бојан сликички со фудбалери и му открила дека Споменка разменува сликички со Никола, водачот на „Црни стрели“. Бојан, кој бил вљубен во Споменка, се чувствувал предаден и се скарал со неа. По некое време, двете дружини одиграле фудбалски натпревар во кој Бојан постигнал пет гола, а неговиот тим победил убедливо. Но, следниот ден, Бојан се разболел и го посетиле сите членови на дружината, освен Споменка, но таа дошла утредента и му подарила китка јорговани. Летото, Бојан шетал во друштво со неколку девојчиња; додека тие се капеле во реката, неколку момчиња од „Црни стрели“ им ги украле фустаните, но Бојан ги спасил и така станал јунак на летото, воодушеувајќи ја Споменка. Во новата учебна година, во училиштето пристигнала нова наставничка која ја викале Разделина и Бојан многу ја засакал, а истовремено ја замразил математиката поради наставникот кој ѝ се додворувал на Разделина. Еден ден, Бојан нашол фотографија на Споменка и ја зел кај себе, бакнувајќи ја. Набрзо, тој и Споменка почнале да си разменуваат писма во кои ја признале меѓусебната љубов, но Бојан попуштил во учењето и имал слаби оцени. Сепак, по укорот од наставничката и од татко му, тој решил да се поправи и почнал повеќе да учи. Еднаш, за време на посетата на рудникот, Никола не се чувствувал добро и Бојан го испратил до дома. така престанало непријателството меѓу двете дружини. На крајот од учебата година, Споменка му кажала дека ќе се пресели во градот каде се вработил нејзиниот татко. На денот на преселбата, Бојан набрал цвеќе со намера да ѝ го подари на Споменка, но само со поглед го испратил заминувањето на камионот.