Класицизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 10:
 
== Класицизмот во Европа ==
На почетокот на [[17 век|XVII век]] настапува нова фаза во развојот на француската книжевност во која постепено се формира нов стил, се изнесува ново сфаќање на книжевната постапка, се применува нова поетика, со еден збор, се формира новата книжевна школа позната како класицизам. Францускиот класицизам претставува доктрина, збир на елементи кои создаваат нов систем на поими и квалитети кои се заеднички за француските автори од XVII век. Во прв ред, класицизмот е време на хиерархиска потчинетост, кога во сè и пред сè се бара ред. Притоа, во книжевноста се наметнале строго утврдени принципи кои поаѓале од сфаќањето дека уметноста не е ниту фантазија ниту забава, туку таа има дидактичка намена, т.е. треба да служи за поука и воспитување. Проблемите на [[морал]]от со кои се занимавале писателите од XVII век ги одвеле во подробно анализирање на човечката [[душа]] при што на [[разум]]от му се дава централна улога во откривањето на човековиот карактер. Оттука, речиси целата книжевна постапка од ерата на класицизмот се сведува на анализата - драмската анализа на страстите кај [[Пјер Корнеј]], [[Жан Расин]] и [[Молиер]], моралната анализа кај [[Ларошфуко]] и Лабриер, религиозната анализа кај Босие и [[Паскал]] итн. Речиси целата книжевност од ерата на класицизмот го проучува [[човек]]от, кој се смета за единствен објект на [[поезија]]та, додека надворешниот свет е само рамка и декор. Притоа, тогашните писатели сметале дека способноста на разумот е универзална, така што се залагале да ја откријат универзалната вистина која важи за сите народи и за сите времиња. Поради таа универзалност, книжевноста од класицизмот се одликува со извесна здрвеност, изнасиленост и апстрактност. Тоа е псоледица на тогашното сфаќање дека постои универзална [[убавина]], така што сите уметници се стремеле да го достигнат идеалот на совршенството.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 5-7.</ref>
<br />
Стремежот кон совршената убавина резултирала во примена на строги правила што се однесувале на [[форма]]та на уметничкото дело. Тоа особено се однесувало на драмата каде важело правилото за трите единства (времето, местото и дејството), формулирано според погрешно сфатените поставки на поетиката на [[Аристотел]]. Според некои историчари на книжевноста и книжевни критичари, ова правило претставува израз на сервилност и осиромашување на поетската инспирација, додека други сметаат дека тоа е одраз на стремежот кон дисциплина и хармонија, во контекст на потрагата по совршената убавина.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 7-8.</ref>