Разлика помеѓу преработките на „Пијалак“

Додадени 117 бајти ,  пред 5 месеци
с
(→‎Газиран пијалак: дополнување)
Во 2019 година, во Македонија имало 156 [[Претпријатие|претпријатија]] за производство на пијалаци. Од нив, 9 биле големи, 16 средни, 34 мали, а 97 биле микропретпријатија. Притоа, 72 претпријатија се занимавале со производство на [[вино]], 54 претпријатија произведувале освежителни пијалаци и вода, 19 се занимавале со дестилирање алкохолни пијалаци, 7 произведувале пиво, 3 произведувале други недестилирани, ферментирани пијалаци, а едно претпријатие произведувало слад. Дури 50 претпријатија имале седиште во Скопје, 16 биле лоцирани во Кавадарци, 11 во Неготино, по 7 во Велес и во Штип, а по 6 во Битола, во Гевгелија и во Струмица. Во 2019 година, најголемите 20 претпријатија оствариле приход од 14 милијарди денари, а 64% од нив биле остварени во најголемите три претпријатија. Добивката на најголемите 20 претпријатија во 2019 година изнесувала 1,45 милијарди денари. Најпосле, овие 20 претпријатија вработувале 2 137 работници. Според приходот, добивката и бројот на вработените, најголемо претпријатие за производство на пијалаци е „[[Пивара Скопје]]“ која во 2019 година остварила приход од 5,3 милијарди денари и [[добивка]] од 981,4 милиони денари, а имала 371 вработен. Второто најголемо претпријатие во оваа индустрија е „[[Прилепска пиварница]]“, која во 2019 година имала приход од 1,9 милијарди денари и имала 266 вработени. Третото најголемо претпријатие е [[Винарска визба „Тиквеш“|ВВ „Тиквеш“]], со приход од 1,78 милијарди денари, добивка од 166,4 милиони и 198 вработени. Најпосле, меѓу петте најголеми претпријатие биле и „[[Кожувчанка]]“ (со приход од 767 милиони денари) и „[[Кодинг - Горска]]“ (со приход од 462,8 милиони денари). Индустријата за производство на пијалаци учествува со 4,03% во вкупното [[Индустрија|индустриско]] производство на Македонија. Во јули 2020 година, просчената нето-[[плата]] во претпријатијата за производство на пијалаци изнесувала 30 191 денар и била за 10,8% поголема од просечната плата во Македонија.<ref>„Апсолутна неизвесност во работењето - главен проблем за производителите на пијалаци“, ''Економија и бизнис'', година 22, број 267, ноември 2020, стр. 86-87.</ref>
 
==Пијалаците како мотив во книжевностауметноста и во популарната култура==
===Пијалаците во книжевноста===
* „Ликер“ - песна на полскиот поет [[Јулијан Тувим]].<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 39.</ref>