Јаглен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Coal.jpg|thumb|right|250px|Јаглен]]
 
'''Јагленот'''<ref>{{ДРМЈ|јаглен}}</ref> или '''ќумур'''<ref>{{ДРМЈ|ќумур}}</ref> е силно согорлива црна или црно-кафеава [[седиментна карпа]]. Се состои главно од [[јаглерод]], [[јаглеводород]]и како и од други елементи, вклучувајќи [[сулфур]]. Заедно со битумијата ја сочинуваат групата карпи позната као каустобиолити. Настанале во текот на геолошката историја од остатоци на вишите растенија. Според степенот на карбонификацијакарбонизација, може да биде: хумусен, [[лигнит]], мрк, [[камен јаглен]] и [[антрацит]].
 
Јагленот е тврдо [[фосилно гориво]] кое се добива од земјата преку јамски и површински коп. Често поврзуван со [[Индустриската револуција]], јагленот останува исклучително значајно гориво. Тој е најзначајното гориво за производство на [[електрична енергија]] (во [[термоелектрана|термоелектраните]]) во светски размери, и витална компонента за редукцијата на [[железо|железната]] руда.
 
Во [[Македонија]] тој е една од главните енергетски суровини. Во периодот по педесеттите години од [[XX век]], со заострувањето на нафтената криза, се започна со интензивно геолошко истражување на јаглени. Истражувањата беа позитивни и се откриени огромни резерви на лигнит. Најголеми резерви се докажани во пелагонискиот басен со 1.400.000.000 тони, потоа следуваат беровско-делчевскиот, ресенскиот, струшкиот, катлановскиот и кичевскиот басен. Во пелагонискиот басен се изградени и првите [[РЕК „Битола“|термоенергетски капацитети]] кои во моментов се стожер на електростопанскиот систем. Во кичевскиот јагленоносен басен активно работи еден термоблок ([[ТЕ Осломеј|Осломеј]]). Новите резерви овозможуваат изградба на „Битола 4“ која ќе биде поврзана преку инфраструктури со „Битола 3“, што ќе придонесе за помали инвестиции.
 
== Видови јаглен ==
==Јагленот како тема во уметноста и во популарната култура==
Постојат неколку видови јаглен:<ref>[http://www.stat.gov.mk/KlasifikaciiNomenklaturi/ListaNaEnergenti.pdf Државен завод за статистика, „Листа енергенти и видови енергија“], 2011, 7-8 стр.</ref>
* [[Тресет]] е запаллива, мека, порозна или компресирана, фосилна седиментна наслага од растително потекло со висока содржина на влага (90% во сурова состојба). Лесно се сече и има од светла до темно кафеава боја.
* [[Лигнит]] / кафеав (мрк) јаглен претставува неагломериран јаглен со бруто-калорична вредност помалку од 17.435 kJ/kg (4.165 kcal/kg) и содржи повеќе од 31% испарливи согорливи материи.
* Суббитуминозен јаглен претставува неагломериран јаглен со бруто-калорична вредност помеѓу 17.435 kJ/kg (4.165 kcal/kg) и 23.865 kJ/kg (5.700 kcal/kg) и содржи повеќе од 31% испарливи согорливи материи.
* [[Камен јаглен]] претставува јаглен со бруто-калорична вредност поголема од 23.865 kJ/kg (5.700 kcal/kg) за состојба без пепел, со влага и со средна стаклена маса од најмалку 0,6. Во камен јаглен спаѓаат: антрацитот, коксениот јаглен и други битуменозни јаглени.
** Антрацит е високо квалитетен јаглен што се користи во индустријата. Тој вообичаено има помалку од 10% волатили (испарливи материи кои се согорливи состојки на горивото) и висок степен на јагленисаност (околу 90%).
** Коксен јаглен е битуменозен јаглен со квалитет погоден за производство на кокс во високи печки.
** Други битуменозни јаглени (котелски јаглен) претставуваат јаглен кој се користи во котли за добивање на пареа и ги вклучува сите битуменозни јаглени кои не се вклучени во антрацитот и коксниот јаглен. Се карактеризира со повисок процент на испарливи согорливи материи во споредба со антрацитот (повеќе од 10%) и помал степен на јагленисаност (помалку од 90%).
 
== Јагленот како тема во уметноста и во популарната култура ==
* „Јагленари“ - песна на македонскиот поет [[Анте Поповски]].<ref>Анте Поповски, ''Дрво што крвави''. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 65.</ref>
* „Скици нацртани со јаглен“ - [[новела]] на полскиот писател [[Хенрик Шенкевич]]; објавена на македонски јазик во превод на Филип Димовски и Наталиа Лукомска во истонасловената збирка (Бегемот, 2012).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јаглен