ФК Брегалница Штип: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
не е во ред да се избрише во целост претходниот текст и да се уфрли целосно несреден текст
Ознака: Рачно отповикување
Ред 1:
{{redirect|ФК Брегалница}}
{{dablink|Не го поистоветувајте со [[ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина)|Брегалница 2008]].}}
{{dablink|Не го поистоветувајте со [[ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина)|Брегалница 2008]].}}Брегалница е фудбалски клуб од Штип кој моментално се натпреварува во втората лига на Македонија.Фудбалскиот клуб Брегалница е формиран на 15 јануари во 1921 година односно пред 100 години.Од 8 јули 2018 година Брегалница 51% е во споственост на штипскиот бизнисмен Кирил Гогов а 49% во сопственост на Општина Штип.Брегалница представува бренд на Штип и на цела источна Македонија.Брегалница е исто така позната и по своите навивачи-Фаланга Исток.Брегалница своите најдобри години ги има за време на постоењето на СФРЈ кога таа се натпреварува во втората и третата лига на Југославија со многу добар успех.
{{Инфокутија фудбалски клуб|
име = Фудбалски клубФК Брегалница Штип 1921|
лого = [[Податотека:fk_bregalnica_stip_logo.png|100px]]|
целосно име = Фудбалски Клуб Брегалница Штип 1921 |
основан = {{Start date and age|1921}} |
распаднат = {{Start date and age|2008}} |
терен = [[Градски стадион Штип]] |
капацитет = 64,000 |
претседател =Кирил Гогов |
тренер =Добринко Илиевски |
лига = |
сезона = Втора македонска[[Трета фудбалска лига на Македонија 2007/2008|Трета лига - Исток<br />2007/2008]]<br />(последна) |
сезона 2020/2021 |
позиција = |
шема_лр1=|шема_т1=|шема_др1=|
леварака1=0077FF|тело1=0077FF|деснарака1=0077FF|шорцеви1=0077FF|чорапи1=FFFFFF|
шема_лр2=|шема_т2=_shouldersonwhite|шема_др2=|
леварака2=FFFFFF|тело2=FFFFFF|деснарака2=FFFFFF|шорцеви2=FFFFFF|чорапи2=FFFFFF|прекар=Плави|шема_чорапи1=|помошник тренер=Лазар Илиев
}}
Александар Танчевски|скратено име=Брега|распаднат=не е распаднат}}
'''ФК Брегалница''' - поранешен [[Република Македонија|македонски]] [[фудбал]]ски клуб од [[Штип]]. Клубот последен пат се натпреварувал во [[Трета македонска фудбалска лига|Третата македонска фудбалска лига - Исток]]. Своите натпревари ги играл на [[Градски стадион Штип|Градскиот стадион Штип]], кој има капацитет од 4.000 гледачи.
 
== Историја ==
ФК Брегалница била создадена во 1921 година. Во својата историја, Брегалница има настапувано во [[Втората југословенска фудбалска лига|Втората југословенска лига]]. По [[Референдум во Македонија (1991)|стекнувањето на независноста]] на [[Македонија]], Брегалница станала член на [[Првата македонска фудбалска лига]], но истата сезона ([[Прва фудбалска лига на Македонија 1992/1993|1992/93]]) таа испаднала од Лигата. По неколку сезони минати во [[Втора македонска фудбалска лига|второлигашка]] конкуренција, клубот повторно се вратил во Првата лига, во сезона 1996/97 и во сезона 1997/98, во која по одиграни 13 кола, се откажал од Лигата. Потоа настапил црн период за клубот, кој во сезоната 1999/00 испаднал од Втората фудбалска лига и неколку сезони играл во [[Трета македонска фудбалска лига|Третата лига - Исток]].
 
Во летото 2008 година, [[ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина)|ФК Алумина]] (тогашен второлигаш) биле преземена од управата на Брегалница. Оттогаш името на Алумина било сменето во Брегалница 2008. Првичната Брегалница била распадната.
== Фудбалски клуб Брегалница Штип 1921 низ годините ==
ФОРМИРАЊЕТО НА БРЕГАЛНИЦА ВО 1921 ГОДИНА
 
ФК Брегалница е еден од најстарите македонски фудбалски колективи, вистинска гордост на Истокот, клуб со кој се препознаваат голем број навивачи од Источна Македонија, дом на бројни истакнати славни фудбалски имиња.
 
ФК Брегалница е формирана во 1921 година, барем согласно фактот дека таа година во Штип е донесена првата фудбалска топка од страна на Васил Вагленарски, тогашен студент во Загреб. Веднаш потоа први кои ја активирале фудбалската игра се браќата Хаџикимовски, браќата Прлејци, Прилепчански, Ковачев, Стојан Балабанов, Кучеванов, Навратил, Гичев, Пенушлиев кои биле истакнати школувани младинци од тоа време, но со огромна страст за фудбалот.
 
Како прв официјален натпревар одигран во Штип се смета оној на военото игралиште на тогашниот 23 пешадиски полк, комбиниран со формирачите на Брегалница. Потоа сите останати натпревари до пред Втората светска војна се играат на Бело Брдо.За жал, од 1922 до 1928 година одиграни се само неколку натпревари. Во 1928 година, по барање на тогашните власти, Брегалница го менува името во „Обилиќ“ и така се натпреварува во регионалните лиги. Во тој период во Штип се формираат уште неколку фудбалски колективи, Гаќки, Југославија, Обилиќ, Занатлиски..., за да во 1932 година сите заедно водени од Обилиќ се здружуваат и повторно го враќаат името ФК Брегалница. Од тогаш, па до денес, живее гордоста на Штип - ФК БРЕГАЛНИЦА.
 
ЧЛЕН НА ВТОРАТА ЛИГА ВО СФРЈ, И ДЕЛ ОД ЕЛИТАТА ВО МАКЕДОНИЈА
{| class="wikitable"
|
|Во периодот по Втората светска војна, во рамките на поранешна СФРЈ, ФК Брегалница главно се натпреварува во регионалните лиги иако ќе останат запишани и настапите во Втората сојузна лига на СФРЈ, што без сомнение, „сините“ ги издигнува и во регионални рамки па прославени фудбалски имиња од поранешна Југославија веќе пристигнуваат како тренери во Штип.
|}
Веднаш по издвојувањето на Македонија и почетоците на независната држава, ФК Брегалница е член на Првата македонска фудбалска лига, иако истата сезона (1992/93) испаѓа од елитното друштво. По неколку сезони минати во второлигашка конкуренција, клубот повторно се враќа во Првата лига, во сезона 1996/97.
 
Во турбулетни години, преплетени со преселба и во понизок ранг на натпреварување, во првите години на 21. век штипските „сини“ повторно се враќаат во Првата македонска фудбалска лига за да веќе сериозно се издвојуваат како значаен фактор на домашната фудбалска сцена.
 
ШЕКУЛАРАЦ ГИ СОБРА НАГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ФУДБАЛСКИ ИМИЊА ВО ШТИП
 
Како еден од најзначајните свои фудбалски датуми, штипјани, без сомнение, никогаш нема да го заборават 20. септември 1978 година - ден на штипскиот фудбал и ФК Брегалница. Сето тоа во чест на легендарниот Драгослав Шекуларац чија желба беше крајот на својата играчка кариера да го има во градот во кој е роден. И за самиот град и за Брегалница огромна беше честа да го организира последниот натпревар во кариерата на легендарниот Шеки. Противник на Брегалница (тогаш член на Втората југословенска лига) беше екипата на Њујорк Иглс која настапуваше во професионалната лига на С.Америка. Истата лига каде што играше и славниот Космос.
 
На Градскиот стадион во Штип, во извонредна атмосфера пред околу 12.000 гледачи на трибините, присутни бројни светски легенди на фудбалската игра како „црниот пантер“ од Мозамбик, Еузебио, еден од најдобрите во богатата историја на португалскиот фудбал, бразилските виртуози Рилдо и Еду кои во тоа време играа заедно со Пеле, Карлос, Алберто, Тостао, Жерсон. А, на теренот и уметници како Никица Клинчарски, Драган Џајиќ, Слободан Сантрач, Раде Залад...., сето тоа во чест на Шекуларац. На трибините присутни во Штип, како специјални гости, и Миљан Миљаниќ, Владимир Беара, Душан Савиќ, Гојко Зец... Победи Њујорк Иглс 4:2 (4:0) со трите гола на Сантрач во 13, 35 и 38 и на Харви во 22 минута. Станковски во 60 и Јакимовски во 73. ги постигнаа головите за Бргалница. Натпреварот го судеше штипскиот судија Петраклиев.
 
== НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА ДРАГОСЛАВ ШЕКУЛАРАЦ ==
БРЕГАЛНИЦА: Димовски, Иванов, Штериев, Костов, Арсов, Цеков, Здравков (Станоевски), Икономов, Алексовски, Илиев, Цекиќ (Јакимовски).
 
ЊУЈОРК ИГЛС: Залад, Тешан, Молина (Парагвај), Харви (Англија), Рилдо (Бразил), Клинчарски, Еузебио (Бенфика), Еду (Бразил), Сантрач, Шекуларац, Џаиќ. Играа уште: Тејлор (Англија) и Митеу (Перу).
 
 
ТИМОТ НА ВЕКОТ НА ФК БРЕГАЛНИЦА
{| class="wikitable"
|
|Бројна е листата славни фудбалери кои го носеле синиот дрес на ФК Брегалница. Но, ако ги запрашате искрените љубители на фудбалската игра од Штип тогаш некако го издвојуваат и тимот на векот на Брегалница, кој без сомнение би останал засекогаш запаметен како најславниот во богатата историја на клубот.
 
А, во него место за:
 
* СИМЕОН  ЕФРЕМОВ,
* СТОЈАН  ШУМАНСКИ,
* НИКОЛА  ШТЕРИЕВ,
* СТОЈАН  АРСОВ,
* МИХАИЛ  ЧАРШАВСКИ,
* НИКОЛА  ХАЏИЕВ,
* ГОРГИ  ЖЕЛЕВ,
* СТОЈАН  ИКОНОМОВ,
* РИСТО  БОЖИНОВ,
* ДУШКО  ПЕТРОВСКИ и
* ПЕТАР  КАРАКАШЕВ.
|}
 
== Значајни фудбалери ==
СТОЈАН АРСОВ - ФУДБАЛЕР НА ВЕКОТ ВО ШТИП
 
Стојан Арсов, роден во 1945 година во Штип, во својата кариера настапуваше за Брегалница и Победа. Без конкуренција е прогласен за фудбалер на векот на Штип, како свои најголеми успеси во играчката кариера запишувајќи ги трите шампионски титули на Македонија. Одигра повеќе од 500 официјални натпревари за Брегалница, како и 80 за Победа, со постигнати и повеќе од 100 погодоци.
 
Во својата тренерска кариера Арсов во три наврати беше шеф на стручниот штаб на Брегалница и тренер на младите категории.
 
ВЛАТКО ДАВИТКОВ
 
Влатко Давитков, префинет техничар и голгетер
 
ИМАШЕ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА, ЧЛЕН НА ОЛИМПИСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА!
 
Роден е на 26.2 1970 година.
 
Влатко Давитков, префинет техничар, но и голгетер, ќе остане во сеќавање на штипската и не само штипската јавност. Имаше и интернационална кариера. Беше член на Олимписката репрезентација на Југославија 1992 година.Но, не успеа да се пласира на ЛОИ во Барселона.
 
Карактеристични беа ударита на Влатко Давитков кон противничките голови,, кој и ден денеска работи со младите генерации во Брегалница.Во својата богата 18 годишна фудбалска кариера одигра 800 средби.Постигна над 400 голови.
 
Влатко Давитков ја почна својата кариера во ФК Астибо.На 16 години играше во првата екипа.Признава дека во него голема доверба имал искусниот тренер Драган Христовски. Тој го воведе во тајните на фудбалската игра.Во Астибо играше две години, а потоа замина во Брегалница. Во овој клуб играше од 1988 до 1992 година. И тоа во Третата лига на СФРЈ.Потоа, замина во прволигашот Рудар од Пробиштип, а 1995 година се врати во Штип Одличните игри на Давитков не останаа незабележани од стручнаците.Во 1998 година, Влатко Давитков замина во Бугарија, во Добруџа.Остана 1,6 години. Една година играше и во Пирин, Благоевград. Потоа се врати во Македонија, во Саса, Куманово и Брегалница. Во 2001-2002 година беше прогласен за најдобар фудбалер на Штип.
 
Во својата кариера, Давитков никогаш не бил резерва. Секогаш играл во првите екипи. Двапати ги бранел боите на македонската репрезентација до 21 година, но и член на Олимписката фудбалска репрезентација на Југославија, за ЛОИ во Барселона. Но, не усееаја југословенските фудбалери да се пласираат на ЛОИ во Барселона.
 
Влатко Давитков се сеќава на две средби ..Во 1999 година , Добруџа играла со ЦСКА од Софија. и средбата завршила 1-1, околу 15 илјкади фанови му аплаудирале на Давитков за одличната игра.. Во сезоната 1988-89 гподина во Штип. во рамките на Третата фудбалска лига на СФРЈ гостуваше, ЈАСТРЕБАЦ од Ниш, кој со евентуална победа ќе се пласираше во Втората сојузна лига. Сите мислеа дека Брегалница ќе му ја подари победата на Јастребац, предводен од Банковиќ. Гостите од Ниш поведоа во првото поолувреме со 2-0. Сите помислија дека ќе се остварат предвидувањата од почетокот на средбата. Сепак, така не мислеа фудбалерите на Брегалница. Во второто полувреме, Јастребац беше „нокаутиран“. Брегалница на крајот славеше со 4-2, Три гола постигна Влатко Давитков. Фановите, по средбата. на реца го изнесоа Давитков од стадионот.
 
Влатко ДАВИТКОВ имал ококлу 2о тренери, но ќе му останат во долго сеќавање двајца тренери Драган Христовски и Влатко Костов. „Се што постигнав во кариерата им должам на Христовски, и на Влатко Костов...“- вели ДАВИТКОВ..
 
ДРАГОСЛАВ ШЕКУЛАРАЦ
 
'''Драгослав Шекуларац''' ([[Штип]], [[8 ноември]] [[1937]] - [[Белград]], [[5 јануари]] [[2019]]) — поранешен [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|југословенски]] [[Фудбал|фудбалер]].Кариерата ја започнува во пионерско-младинската школа на фудбалскиот клуб Брегалница од Штип.Тој своите први фудбалски чекори ги прави токму во својот роден град Штип поточно во коритото на реката Отиња и на Градскиот фудбалски стадион во Штип.Тој уште како мал во пионерско младинската школа на ФК Брегалница од Штип го носел само бројот 10.Тој бил истакнат играч на [[ФК Црвена ѕвезда|Црвена звезда]] од [[Белград]]. Популарниот „Шеки“ бил втора голема „ѕвезда“ по [[Рајко Митиќ]]. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Играл во везен ред. Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзни најдобар поединец. Одиграл 41 натпревари и постигнал шест голови за [[Фудбалска репрезентација на Југославија|репрезентација на Југославија]]. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекинал.
 
== Животопис[уреди | уреди извор] ==
 
=== Играчка кариера[уреди | уреди извор] ===
Драгослав Шекуларац основното училиште, четири години гимназија, како и метеореолошко училиште ги завршил во Белград. Меѓутоа, училиштето не му било приоритет бидејќи фудбалот станала негова најважна преокупација. Кога Димитрије Милојевиќ, некогашниот фудбалер на БАСК-а, тренер и печатарски работник на [[Политика (весник)]], го забележал во дворот на Втората машка гимназија , веднаш му станало јасно за каков талент се работи.
 
ВЛАТКО КОСТОВ
 
Тренер и фудбалер.
 
ВЛАТКО КОСТОВ
 
„Златното “штипско момче Влатко Костов е роден на 1 септември 1965 година во Штип. Зад него стојат голем број успешни спортски резултати, Насекаде каде играл и бил тренер оставил печат. Се работи за комплетна личност, со познавање на сите области во животот.Секогаш мирен, скромен, коректен, во неговата личност се споени сите позитивни работи во животот. Затоа се почитувани и тој и неговото прекрасно семејство. Со еден збор, се работи за извонредно момче, на кое Штип и Македонија се уште не му се одолжиле како што треба.Беше член на Кадетската репрезентација на Македонија во 1980 година.За сениорскјата екипа на Брегалница дебитиреаше 1984 година. Одигра 80 натпревари.Во 1986 година игра за Локомотив од Софија, каде настапи на 26 средби.Во 1988 година се врати во Македонија, играше за Пелистер 4 години, до 1990 година. Потоа, замина во скопски Вардар , каде играше 3 години. Во 1992-93 година со Вардар ја освои шампионската титула. По завршувањето на играчката кариера, Влатко Костов е тренер на повеќе екипи. Со Ренова го освои и државното првенство и Купот,2009-2010, и 2011-2012. Тренер е и на Брегалница, Осогово, Саса , Куманово,Влазрими., Работнички, Во 2013-2014 година го водеше тимот на Ал РАЕД во Судиска Арабија. Се пласира во финалените борби во Купот, што беше историски успех на овој клуб. Со Ал РАЕД го освои и Купот на Емиратите.Од 2003-2009 година е помошник тренер на младата репрезентација на Македонија до 21 година, а од 2010-2011 година ја води како помошник тренер и сениорската репрезентација на Македонија. Тој на 7 септември 2010 година ја води сениорската репрезентација, како главен менаџер на средбата со Ерменија во Скопје. Во 2003-2004 година ја внесе Брегалница во Првата лига. Ќе се памети неговиот чудесен успех во 2015 година, кога Брегалница речиси беше испадната од Првата лига, имаше само 13 бодови по првиот дел, тој во продолжението направи голем пресврт. Освои 35 бодови најмногу од сите прволигашки екипи, и наместо да се бори за опстанок, штипјани за малку не играа плеј оф за титулата, Го освоија 7 место со 48 бодови. Таа сезона, Влатко Костов создаде мобилна атмосфера во клубот, а тоа донесе и резултати. Брегалница 912 минути не прими гол, Гачевски, на голот, беше извонреден. Постигна македонски рекорд, кој се уште не е срушен.Тоа беа резултати за Гинис. Влатко Костов со својата педагошка работа остава импресивен впечаток. За педагошката работа двапати е прогласен за најдобар тренер во Македонија, го доби и највисокото општинско признание „0сми ноември“ на Штип.Му посакуваме натамошни успеси во кариерата на Влатко Костов, миленик на фановите, не само во Штип, туку и во другите градови во државата! Такви комплетни личности ,како Влатко Костов, само еднаш се раѓат!
 
== Спортски работник на векот ==
СИМЕОН БАЛАБАНОВ „БАТКАТА“- СПОРТСКИ РАБОТНИК НА ВЕКОТ НА ШТИП!
 
Симеон Балабанов беше роднина на Стојан Балабанов кој пак беше еден од првите луѓе во Штип ја развиваа фудбалската игра уште од 1921 година и еден од првите тренери на Фудбалски клуб Брегалница Штип 1921.
 
Симеон Балабанов во анкетата на Радио Штип беше прогласен за спортски работник на векот. И се чини, заслужено. „Батката“ или „Монката“, како од милина го персонираа штипјани, остави траен печат во фудбалот во Штип. Се што работеше беше во интерес на штипскиот фудбал.
 
Секогаш беше расположен за разговор, коректен, комуникативен. Цел живот посвети на фудбалот За него жртвуваше се!. Беше добар стоматолог, тоа го знаеја и неговите колеги, па кога Батката требаше да заврши некоја работа за фудбалот, на работното место во Медицинскиот центар го заменуваа неговите колеги. Батката беше член и на Работничкиот совет на Медицинскиот центар.
 
Симеон БАЛАБАНОВ никогаш не мируваше. Постојано беше во движење.. И се во интерес на фудбалот. Од него зрачеше позитивна енергија.
 
Батката ги мина сите скалила во фудбалот, и не само во овој спорт. Тој, како напреден младинец., учествуваше во формирањето на неколку спортски друштва во Штип, како член на Друштвото„ Балканец“ каде членуваа сите негови другари.
 
Почна како фудбалер во 1953 година.. Играше во МФЛ. Заедно со Бојаџиев, Ушинов, Барбареев, Николов, Тасков, Хаџи Кимов, Синев, Иванов, Јорданов,, Биков Петровски, Анчевски Сејфулов, Анчевски, Саздовски, Грошев, Љутков,..Во конкуренција на 11 екипи, Брегалница го освои 6 место..И во идната натпреварувачка сезона 1954-55 година, Симеон Балабанов пак е првотимец. Балабанов ќе игра во првата екипа на Брегалница во Четвртата зона, 1955-56 година.Во Четвртата зона Брегалница игра со Вардар, Раднички- Крагуувеац, Раднички- Ниш, Тимок- Заечар,, Борац – Чачак, Трепча, Работнички, Победа, Тиквеш… Првите места ги зазедоа Вардар и Раднички- Крагуевац. Брегалница е последна.
 
Симеон Балабанов по завршувањето на фудбалската кариера станува и фудбалксски судија, па сојузен инструктор и делегат во ФСМ и ФСЈ. Станува технико на Брегалница 1968-69 година, кога стигнуваат и најзначајните резултати на Брегалница во Втората сојузна лига.Избран е 1989 година и за почесен член на Управниот одбор на Брегалница.. Фудбалот му беше се во животот. Успешено го претставуваше фудбалот во Штип на сите места каде Брегалница гостуваше..
 
Симеон Балабанов имаше чудна енергија. Постојано беше опкружен од пријателите и другарите. Неодминлива тема му беше фудбалот.. Се до крајот на животот..
 
Во сите разговори , Симеон Балабанов раскажуваше за средбите со Шекуларац, Миљан Миљаник Стејан Бобек, Вујадин Бошков, Драган Џајиќ, Ненад Бјековиќ… Кај него имаше многу шеги и досетки, како на пример за ривалството меѓу Штип и Кочани, на фудбалски план.„Штипјани секогаш со умот оделе напред, а костимите им ги правеле кочанските терзии…“- зборуваше БАТКАТА.
 
Инаку, не значи дека се било подмачкано во Брегалница, но секогаш знаел да ги реши конфликтите на најдобар начин.Се облекуваше како манекен, со бела кошула и шарена вратоврска. Новинарите ги почитуваше.
 
„За мене секогаш новинариоте се во право.Со нив само треба да се соработува на коректен начин.Тие знаат да направат атмосфера, од ништо -нешто. Новинарирте не можат да даваат голови, да донесуваат бодови, но можат да даваат конструктивни критики Тоа е нивно право…“- зборуваше легендата на штипскиот спорт , Симееон Балабанов, за кого е малку да се напише и книга, со сите негови анегдоти во спортот, седенките, за средбите со неговиот баџанак Миливое Гугуловиќ од Ниш,, кој беше чест гост на Штип, а ја судеше и средбата Брегалница- Слобода Т. Ужице , 1968-69 година во Втората лига. Штипјани дома загубија со 4-0. а Гугуловиќ од новинарите доби оценка 10..„ Понекогаш и судиите се немоќни да помогнат“,- коментираше по оваа средба Симеон Балабанов.
 
Почина пред 10 години, но штипјани секогаш ќе се сеќаваат на Бато.
 
== Младински успех за паметење ==
ОСВОЕНА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА НА МАКЕДОНИЈА ВО КАДЕТСКА КОНКУРЕНЦИЈА ВО СЕЗОНАТА 1993/94
 
Како еден од најголемите успеси на Брегалница во историјата секако се издвојува шампионската титула на Македонија во кадетска конкуренција освоена во сезоната 1993/94.
 
Под водство на тренерот Митко Секулов, имињата на „сините“ кои дојдоа до трофејот се:
{| class="wikitable"
|
* АЏИЕВ САШЕ,
* ФИЛИПОВ  ИГОР,
* МИТЕВ СИМЕ,
* НАКОВ  ВЛАТКО,
* ТИМОВСКИ  КИРЕ,
* НОВАКОВ  ВЛАТКО,
* ЕФРЕМОВ  ВАНЧО,
* ЕФТИМОВ  НИКОЛЧО,
|
* ЕФТИМОВ  ТОМЧО,
* МИТЕВ ДРАГАН,
* МИТЕВ  ГОЦЕ,
* ТРАЈЧЕВ  БОРЧЕ,
* АНГЕЛОВ  СТОЈАН,
* МЛАДЕНОВСКИ  ДЕЈАН,
* ДОЈЧИНОВ ИГОР.
|}
 
== Градски стадион - Штип ==
ФК Брегалница своите натпревари ги игра на Градскиот стадион во Штип кој е со капацитет од 6.000 седишта.
 
ПРВИОТ НАТПРЕВАР ПОД РЕФЛЕКТОРИ...
 
Во 2017 година, во полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија против екипата на Пелистер, Брегалница го игра својот прв натпревар на домашен терен под рефлектори. Осветлувањето на теренот е реализирано од страна на Општина Штип, а со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија.
 
== Навивачка поддршка ==
Навивачката група на штипска Брегалница го носи името Фаланга и е навивачка група на актуелната [[ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина)|Брегалница 2008]].
НАВИВАЧКА ГРУПА - „ФАЛАНГА“
 
Најверната навивачка група на Брегалница, „ФАЛАНГА“  е една од најпрепознатливите и најстари навивачки групации во Македонија.
 
Формирани на 24. октомври 1989 оваа година „Фалангата“ слави „30 години заедно со ФК Брегалница“. Точно 30 години најверните навивачи на „сините“ се неизбежен дел од клубот, 12. играч без кој не се може!
 
== Трофеи ==
Македонска Републичка Лига:
 
-Победници(4):1964,1967,1976,1984
 
Македонски Републички Куп:
 
-Победници(2):1979,1981
 
Македонска втора лига:
 
-Победници(2):1995-1996,2003,2004
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.fkbregalnicabregalnicastip.blog.com.mk/ ФК Брегалница - блог]
 
== Наводи ==