Хазарска мисија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 14:03, 7 август 2020

Хазарска мисија (860–861) – византиска верско-политичка мисија на солунските браќа св.Кирил и св. Методиј кај Хазарите по барање на хазарскиот каган. По налог на царот Михаил III и на патријархот Фотиј, тие заминале кај Хазарите за да ги неутрализираат идејните конфронтации на паганството, еврејството, мухамеданството и христијанството и да издејствуваат каганот христијанството да го прогласи за официјална религија и да воспостави централизирана власт во каганатот. При подготовките за Херсон тие го научиле еврејскиот јазик и било преведено едно граматичко дело. Таму ги пронашле и моштите на римскиот папа Климент I (I в.), за кого св. Кирил напишал три творби: „Канон", „Историски расказ" и „Пофално слово". Мисијата резултирала со масовно покрстување на Хазарите.

Поврзано

Свети Кирил и Методиј

Надворешни врски

Наводи