Разлика помеѓу преработките на „Леонард Ојлер“

с
→‎Теорија на броеви: clean up, replaced: | chapter = → |department=
с (clean up, replaced: publisher = → publisher= (2))
с (→‎Теорија на броеви: clean up, replaced: | chapter = → |department=)
Ојлер ја поврзал природата на простите броеви со идејата на математичката анализа. Тој дошол до доказот дека сумата на реципрочната вредност на простите броеви дивергира, при што е откриена врска меѓу [[Бернхард Риман|Римановата]] [[Риманова зета-функција|зета-функција]] и простите броеви, денес позната како Ојлерова формула за Римановата зета-функција.
 
Ојлер ги докажал [[Исак Њутн|Њутновите]] [[Њутнови идентитети|идентитети]], [[Мала Фермаова теорема|малата Фермаова теорема]], [[Фермаова теорема за збир на квадратите|Фермаовата теорема за збир на квадратите]] и дал значаен придонес во [[Лагранж]]овата [[Лагранжова теорема за четири квадрати|теорема за четири квадратиа]]. Покрај тоа, тој тој ја вовел [[Ојлерова фи функција|функција]] φ(''n''), која го дава бројот на сите позитивни цели броеви помали од цел број ''n'', кои со него се заемно прости. Со користењето на особините на оваа функција, Ојлер ја воопштил малата Фермаова теорема, а тој резултат денес е познат како [[Ојлерова теорема]]. Тој дал значаен придонес и во разбирањето на [[Совршен број|совршените броеви]], кои ги фасцинирале математичарите уште од времето на [[Евклид]], направил очигледен напредок во формулирањето на [[Теорема за прости броеви|торемата за прости броеви]] и ја поставил хипотезата која подоцна е докажана како закон на квадратни реипротитети. Денес, тие концепти се сметаат за основни за теоремата за теорија на броеви, а Ојлер со своите идеи укажал на патот по кој подоцна продолжил [[Карл Фридрих Гаус]].<ref name="numbertheory">{{наведена книга| last = Dunham| first = William| title = Euler: The Master of Us All | year = 1999| publisher=The Mathematical Association of America | chapter department= 1,4}}</ref>
 
До [[1772]] година, Ојлер докажал дека <math>2^{31}- 1 = 2147483647</math> е ([[Мерсенов број|Мерсенов]]) прост број. Тоа бил најголемиот пресметан прост број сѐ [[1867]] година.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://primes.utm.edu/notes/by_year.html |title=''The largest known prime by year: A Brief History'' |author=Chris Caldwell|publisher= |accessdate=20.06.2008}}</ref>