Изида: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
шаблон
+ linkovi
Ред 1:
[[Слика:Isis.png|right|Isisthumb|Изида]]
Изида е [[божица]] на плодноста и мајчинството од [[Египетска митологија|Египетскатаегипетската митологија]]. На египетски Aset или Eset - таа припаѓа на [[Енеада]]та од [[Хелиополис]].
 
Таа е сестра (и жена) на [[Озирис]], [[Нефтида]] и [[Сет]]; ќерка на [[Нут]] (Небото) и [[Геб]] (Земјата) како и мајка на детето [[Хорус]]. Во иконографијата на обожувањето, таа е претстава за [[архетип]] на [[сопруга]] и [[мајка]].
 
Култот кон Изида главно се развивал во два центри: градот Хелиополис и (нилскиот остров) Фила. Обожувањето во Фила било најактивно на крајот од [[4 век п.н.е.]], за време на 30-тата династија.
 
Нејзиното име буквално значи [[жена]] на [[трон]], т.е. само „трон“ нешто што е често претставено како [[амблем]] или покривка на глава. Нејзиното име преку [[хиероглифи|хиероглифите]] често се поврзува со светост на историските кралици. Често се прикажува како носи сончев диск и рогови од крава, кои се слични со оние од божицата на љубовта и забавата [[Хатор]]. Често се прикажува и грабливец/лешинар на нејзината круна или пак кралската кобра „Уреус“, која е симбол на магичките[[магија|магиските]] способности (Кундалини).
 
Во митот за [[Озирис]], кој бил убиен и распарчан на делови од неговиот брат [[Сет]], таа успева да ги собере сите делови (освен пенисот кој го проголтале крокодилите) од мртвиот сопруг и брат Озирис и да ги спроведе погребните обичаи. Откако [[Хорус]] пораснал, тој успеал да го порази вујкото Сет и да ја одмазди смртта на татка си Озирис. Оттогаш Хорус се смета како првиот владетел на обединетиот Египет. Затоа често пати во прегратките на Изида, наместо Хорус се прикажувани фараоните.
 
Во Книгата на Мртвите, Изида е спомната како дарителка на живот и храна за мртвите; се појавува и во улога на судија на мртвите. Друга нејзина улога била да го заштити Имсет, еден од [[Четирите синови на Хорус|четирите сина на Хорус]]. За време на Птоломеите[[Птоломеи]]те (македонските династии во Египет) била почитувана и како заштитничка на морнарите.
 
[[Image:Isis Enthroned-Egyptian-650-BCE.jpg|thumb|right|180px|Изида со рогови од крава, сончев диск, седи на лавовски трон и го дои Хорус.]]Изида е сметана како голема [[волшебник|волшебничка]] и е позната по употребата на нејзините маѓепснички вештини. Толку била моќна магијата[[магија]]та на Изида, што и самиот [[Анубис]], богот на смртта, се плашел од неа. Како моќна волшебничка, заморена од земските работа, таа стекнала бесмртност откако го измамила богот [[Ра]] (Ре). Имено, таа успеала да му земе дел од неговата плунка и да ја претвори во [[кобра]], која му ја пуштила по патот за да го измачува. Изида му ветила на Ра дека ќе го поштеди од маките доколку и го каже неговото тајно име. Откако го стекнало неговото тајно име таа почнува да изведува најразлични чуда. Затоа луѓето иѝ се молеле да им помогне на болните и оние кои се на умирање. Како божица на лекувањето и породувањето, таа ноќе ги посетувала болните, замавнувала нежно со нејзините крилја и изговарала магиски инкантации за да ги излекува.
 
Нејзиното потекло како [[божица]] не е со сигурност откриено, но се верува дека дошла од делтата на [[Нил]]. За разлика од другите фигури во Египетската[[египетска митологија|египетската митологија]], таа немала свој култ. Првото споменување за Изида потекнува од петтата династија, но нејзиното присуство се развива многу подоцна. Со време се проширува низ цел [[Египет]], преку [[среден Исток|средниот Исток]] и [[Европа]]. И денес постојат нејзини [[храм|храмови]] и [[Статуа|статуи]] на пример во [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]], [[Македонија]], [[Грција]] итн.
 
Како божица таа била добротворка, верна сопруга, чија љубов била насочена кон секое живо битие. Изида, всушност, била најчист пример на љубезна сопруга и грижлива мајка и токму затоа Египќаните најмногу ја почитувале.
 
Овие нејзини атрибути ги презеле раните [[христијани]] и ги пренесле на [[Дева Марија]]. Сликите на кои е прикажана Изида како го дои малиот [[Хорус]], се смета дека влијаеле врз приказот на бројните икони со Девицата Марија и малиот [[Христос]]. (Види „Златна Гранка“ од Џорџ Фрејзер)
 
{{Египетски божества}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Изида