Народна банка на Србија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 58:
 
===Инструменти на монетарната политика===
Референтната каматна стапка е основниот инструмент на монетарната политика на Народна Банка на Србија. Оваа каматна стапка Народната Банка на Србија ја применува во спроведувањето на главните операции на отворениот пазар. Останатите инструменти на монетарната политика се:<ref>[ https://www.nbs.rs/internet/cirilica/30/30_4/index.html Официјално мрежно место на Народна банка на Србија (пристапено на 10.5.2020)]</ref>
* операции на отворен пазар: Со операциите на отворениот пазар Народната банка на Србија врши привремена и трајна купопродажба на хартии од вредност. Со нив се влијае врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на расположливите ликвидни средства на банките. Народната Банка на Србија операциите на отворен пазар ги спроведува со цел да ја регулира [[ликвидност]]а на банкарскиот сектор и да влијае врз движењата на краткорочните каматни стапки.
* задолжителни резерви: Народната Банка на Србија задолжителната резерва ја користи како помошен инструмент само кога се исцрпени ефектите на останатите пазарни мерки на монетарното регулирање. Одлуката околу висината на стапката, како и основата за пресметување на задолжителната резерва, ја донесува Извршниот одбор на Народната Банка на Србија.