Авион: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 77.29.2.206) и ја поврати преработката 3947717 на Bjankuloski06
Ред 4:
 
Во [[Првата светска војна]], авионите почнале да се користат како [[оружје]]. Најпознат пилот, со најмногу победи, од тоа е време е германецот [[Манфред Вон Рихтофен]], попознат како „[[Црвениот Барон]]“. Помеѓу двете светски војни дошло до забрзан развој на авионите. Во [[1919]] година, Алкок и Браун го прелетале [[Атланскиот океан]], а во [[1927]] година [[Чарлс Линдберг]] сам го прелетал истото растојание. Истата година биле воведени редовни летови помеѓу [[САД]] и [[Канада]], а во [[1930]] година почнал и развојот на млазниот мотор, кој започнува сериски да се вградува во авионите на почетокот на [[Втората светска војна]]. Авионите се користат и за комерцијални цели, како за превоз на патници така и за превоз на товар.
 
== Типови авиони ==
Модерните авиони денес можат да летат со брзина од над 800 [[км/ч]], а во зависност од типот, полетуваат со брзина од 130 до 290 км/ч.
 
Постојат неколку типови авиони:
* мали авиони за тренинг и рекреација се до големи патнички;
* транспортни цивилни и воени авиони;
* авиони чиј крила се собираат кога се на земја (фиксни неподвижни во лет) поради полесен транспорт или сместување на поголем број авиони на носачите на авиони;
* авиони со променлива [[геометрија]] на крила. Овие авиони кога ќе ја постигнат оптималната [[брзина]] и висина при летање ги „повлекуват“ крилата кон трупот, со тоа се намалува нивниот распон.
 
Едни од најпознатите авиони во светот се : [[Боинг 727]], [[Боинг 737]], [[Боинг 747]], [[Боинг 777]], [[Ербас А320]], [[Ербас А330]], [[Ербас А340]], Локид Л1011 ,МекДонел Даглас МД82, АТР72, Цесна 172 и др.<gallery>
Податотека:Ильюшин Ил-96 74393202018, Москва - Внуково RP20591.jpg|Илјушин Ил 96
Податотека:MC-21-300 airliner first flight.webm|Јаковлев МС 21
Податотека:Sukhoi Design Bureau, RA-97003, Sukhoi Superjet 100-95 (36520691744).jpg|Сухој Суперџет 100
</gallery>
 
== Фабрики за авиони ==
 
НајголемиTEиНајголеми и најпознати фабрики за изработка на авиони се „[[Боинг]]“ (''Boeing'') и „[[Ербас]]“ (''Airbus''). Постојат и други фабрики, како „[[Фокер]]“, „[[Даглас]]“, „[[АТР]]“, „[[Сааб]]“ итн., но првите две се со најголем број на продадени авиони. „[[Боинг]]“ е првиот произведувач на авиони, а седиштето му е во [[САД]]. Во минатото, „Боинг“ бил производител на најголемиот патнички авион во светот „[[Боинг 747]]“, познат како „Џамбо Џет“. „[[Боинг]]“ е водечки производител според бројот на продадени авиони, а нивниот најпопуларен авион „[[Боинг 737]]“ е продаден во повеќе примероци отколку сите продадени авиони од компанијата „[[Ербас]]“.
 
„[[Ербас]]“ е произведувач на авиони од [[Европската унија]], а [[Акција (финансии)|акциите]] на компанијата се сопственост на повеќе фирми од [[ЕУ]]. „[[Ербас]]“ е компанија која го изработила најголемиот патнички авион во светот - „[[Airbus А380 Super Jumbo]]“. Станува збор за авион кој има две „палуби“ по целата должина на трупот и е во состојба да прими преку 550 патници.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Авион