Македонија и Берлинскиот конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Турската империја → Османлиското Царство (4) using AWB
Ред 22:
Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција.
 
Клучниот член предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на ТурскатаОсманлиското империјаЦарство. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на императорската влада. Помошниците на мутасарафите - муслиманите, би биле христијани, а на христијаните - муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками.
 
Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско - односно муслиманско - население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.
Ред 28:
Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својотнационален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.
 
Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе с се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на ТурскатаОсманлиското империјаЦарство. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како жетнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправувањеж.
 
Сето ова значи дека вака поставената автономна Македонија ги урна вештачките конструкции на Санстефанскиот договор, според кој таа беше вклучена во границите на новоформираната бугарска држава, со што сериозно беа загрозени и нејзиниот територијален интегритет и нејзината национална целост. Доколку недоносенчето од Сан Стефано заживееше, практично, Македонија не ќе добиеше ништо - еден господар би го заменила со друг, при што и во првиот и во вториот случај би останала под туѓинска власт.
Ред 48:
На 8 јуни идната година (1879) Ѓорѓи Пулевски му пишуваше на братот на Кузман Баџовиќ, Деспот Баџовиќ: „Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дојде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не само азет, тук всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода, или смрт - трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот... Неколку дена напред дјаду владиката Натанаил ми даде едну твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, ка искаш доброволци и ветиш 1.000-2.000 доброволци. То јет убао и преубао. Ама аз ќе ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Булгарите се подиграваат сос нас и вртат вода на своја воденица заедно со црнокапецот Натанаил, којшто е Македонец, ама поќе тегни на блгарско..“.
 
И македонската емиграција во Грција, уште за времето на Босанскохерцеговското востание, се определила за општобалканско востание. Во почетокот на 1876 година во Атина е формиран Воен комитет за ослободување на христијаните во ТурскатаОсманлиското империјаЦарство. Негов раководител станал Леонид Вулгарис, Македонец од источна Македонија. Тој со своите истомисленици, главно членови на македонската печалбарска емиграција во Атина, организирал повеќе акции во Македонија. Нешто подоцна, Вулгарис го формирал Грчко-словенскиот комитет, чија цел била преку востание да се избори за автономија на Македонија.
 
Во април 1880 година, кај местото Гремен (Острово), се сретнале четите на поп Костадин Бувски и на Леонид Вулгарис. Разгледувајќи ја ситуацијата во Македонија, двајцата војводи констатирале дека за тоа што Македонија се уште е под турско иго најголема вина носат Грците, Бугарија и Србија. Според нивното мислење, „иднината на Македонија лежи во создавањето на самостојна македонска држава“.
Ред 68:
„Направете се на знамето што ќе го кренеме да биде напишано: Единствена и Обединета Македонија!... Потоа, собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“.
 
И во Бугарија активна е македонската емиграција. Неа, во еден добар дел, ја сочинувале учесниците во Руско-турската војна, како и учесниците во Македонското востание. Тие и понатаму не се помирувале со ропството на македонскиот народ. Во Софија се здружиле околу 1.800 активни учесници во ослободителните војни против ТурскатаОсманлиското империјаЦарство. Нивната одлука се свела на тоа борбата да продолжи до конечното ослободување на Македонија. Под лозунгот жСлобода за Македонија или смртж, била формирана Бугарско-македонска лига, чие име подоцна е сведено само на Македонска лига. Лигата се изјаснила за политичко ослободување на Македонија и за создавање македонска држава . За да може да ја реализира оваа висока цел Лигата почнала да организира сопствена војска, како и да разработува сопствена стратегија за водење ослободителна војна на Македонците. Објавувајќи се како народен фронт за ослободување на Македонија, Лигата формирала Привремена управа на Македонија, со единствено политичко и воено раководство се до ослободувањето на Македонија и до создавањето македонска држава. На чело на Привремената управа стоел главен војвода, потоа тројца постари војводи и началник на главниот штаб. Воените единици броеле по 180 војници, на чело со војводи.
 
Привремената управа на Македонија, како највисоко законодавно тело, изработила Органски устав на Македонија, во кој бил разработен статусот на идната македонска држава. Уставот, кој имал 103 члена, бил сличен на Критскиот устав од 1868 година. Тој предвидувал политичка и културна автономија на Македонија. Според него, Македонија требало и понатаму да остане во вазален однос кон Турција и во Империјата би имала статус на федерална единица. На нејзино чело би бил генерален губернатор, а владата би била составена од 12 ресорни министри. Границите на идната македонска држава би се поклопиле со границите на трите македонски вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот (без Косово и Метохија). Седиштето на губернаторот и на владата би било во Солун.