Католички кралеви: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Кастилјск → Кастиљск using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Кастилија → Кастиља using AWB
Ред 3:
'''Католичките кралеви''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Reyes Católicos'') е титула која во историјата се користи за кралицата [[Изабела I Кастиљска]] и [[Фернандо II Арагонски]]. Оваа титула била дадена од страна на [[Папа Александар VI]] (во историјата е познат како ''Родриго Борџија''). Тие се венчале во [[1469]] година во [[Ваљадолид]].
 
Католичките кралеви го користиле своето познато мото: "''Tanto monta, monta tanto, Isabel como Fernando''" ([[македонски јазик|македонски]]: "Колку вреди едното, толку вреди и другото, Изабела како Фердинанд"). Соединувајќи ги “круните“ на најголемите кралства во тоа време на [[Пиринејски Полуостров|Пиринејскиот Полуостров]], [[Кралство КастилијаКастиља]] и [[Кралство Арагон]]. Со ова, тие всушност ги поставиле темелите на новото Кралство Шпанија, кое конечно било формирано во времето на нивниот внук [[Карло V, цар на Светото Римско царство|Карло V]]. Со времето, оваа титула на еден начин му била оправдана ако се има предвид протерувањето на [[Маври]]те од Пиринејскиот Полуостров за време на [[Реконквиста]]та.
 
Владеењето на Католичките кралеви се совпаѓа со периодот на завршување на [[Среден век|Средниот век]] и започнувањето на модерната историја. Преку создавање на силна централистичка власт со помош на градовите, била создадена [[монархија]] која имала сила да се бори против големите феудални семејства. Со освојувањето на [[Гранада]], [[Навара]], [[Канарски острови|Канарските острови]], како и делови од [[Северна Африка]] била создадена држава која денеска во историографијата е позната како Кралство Шпанија.