Биномна номенклатура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. using AWB
Ред 1:
Формалниот систем на именување на [[вид (биологија)|видовите]] се нарекува '''биномна номенклатура''' или '''бинарна номенклатура'''.
 
Суштината на овој систем на именување е следнава: називите на видовите се образуваат од научни [[латински јазик|латински поими]] (т.е. новолатински поими или латинизции), и се состојат од два дела - [[род (биологија)|род]] и [[вид (биологија)|вид]], како на пр. ''[[Homo sapiens]]'' - името на човечкиот вод. Дводелното име на видот се нарекува '''латински назив'''. Меѓутоа [[биологија|биолозите]] и [[филологија|филолозите]] го претпочитаат поимот '''научен назив''' бидејќи зборовите што се користат не секогаш се латински, и покрај тоа што се латинизирани за да се ускладат. Имињата напати се изведуваат од [[старогрчки јазик|старогрчки]] корени или од разни други јазици. Доста видови се наречени по по презимето на некој истакнат научник, или пак латинизирана варијанта на некој локален топоним.
 
[[Карл фон Лине]] (познат и како „Линеј“ или ''Linnaeus'') одбрал именувањето да се врши со два збора, но притоа не го користел подоцнежниот целосен систем од седум категории (царство-колено-класа-ред-фамилија-род-вид.) Линеј се решил за биномна [[номенклатура]], користејќи ги само [[род (биологија) |родовото]] и [[вид (биологија)|видовото име или епитет]], кои заедно образуваат целосното име на видот. На пример, човекот припаѓа на родот ''Homo'', а видовото име му е ''sapiens''. Така, луѓето се класификуваат како ''Homo sapiens''. Првата буква од првиот збор секогаш е голема, додека онаа на вториот е мала, дури и ако е изведена од [[лична именка]] (име на лице или место). Родовите и пониските таксони секогаш се претставуваат со закосени букви, додека фамилиите и погорните таксони се оставаат напишани обично. Видовите можат да се поделат и на пониски [[таксономски ранг|рангови]], така образувајќи „'''триномен назив'''“ за [[подвид]]ови и други пониски рангови („триномен“ за животни, а „тринарен назив“ за растенија).
 
Во биолошката литература, името на видот е проследено со името на одговорното лице и годината на опис. Така, во зоологијата го имаме видот: ''[[Patella vulgata]]'' Linnaeus, 1758. Името „Linnaeus“ укажува на научникот што го опишал видот; 1758 е годината на издавање на тој опис – во овој случај, делото „Систем на природата“ (''Systema Naturae'').
Ред 20:
 
== Изведување на имињата ==
Родовите и видовите имиња може да се изведат од било каков извор. Честопати тие се обични [[новолатински јазик|новолатински]] зборови, но може да се преземени од [[старогрчки јазик|старогрчкиот]], од топоним, име на лице, име од локалниот јазик и тнитн. Таксономите понекогаш создаваат имиња употребувајќи дури и [[внатрешна шега|внатрешни шеги]] и игри на зборови.
 
Но имињата секогаш мора да се граматички исправни, како да се латински изрази.
Ред 40:
 
== Правилници за номенклатура ==
Кон средината на XIX век се почувствувало потреба од ускладени правила за научните називи. Со време се појавиле номенклатурни правилници за животни („[[Меѓународен правилник за зоолошка номенклатура|Меѓународен правилник за зоолошка номенклатура]]“, ''ICZN''), [[растенија]] (вклучувајќи [[габи]], [[цијанобактерија|цијанобактерии]]) (''[[ICBN]]''), и [[бактерија|бактерии]] (вклучувајќи ги [[археи]]те) (''[[ICNB]]''). [[Вирус]]ите се именуваат според таксономски правилник, кој ги одредува и имињата и таксоните („[[Меѓународен комитет за таксономија на вирусите]]“, ''ICTV''). Овие правилници се разликуваат во извесни нешта, како на пример:
* правилникот за растенија ''ICBN'' не дозволува [[тавтоним]]и, додека пак животинскиот правилник ''ICZN'' ги смета за прифатливи.
* Почетните точки на важност на овие правилници (ретроактивно) зависат од група до група.